Последни вести

ЈОВАН МАНЕВ ГО ОДИГРА ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР ВО КУПОТ НА ТУРЦИЈА

Јован Манев ги одигра сите деведесет минути за „Адана Демирспор“ на денешниот натпревар од Фудбалскиот Куп на Турција. Неговиот „Адана Демирспор“ денес славеше како домаќин против „Назилиспор“ 4:3 (2:2). Ова е втор натпревар од Фудбалскиот Куп на Турција на кој Манев одигра деведесет минути. Така созреваат големите играчи. С. Ивановски

ФУДБАЛСКИ ЧАС ОД МЛАДИНЦИТЕ НА „ОСОГОВО“ ЗА ШАМПИОНОТ „ШКУПИ“

Младинците на „Осогово“ му одржаа фудбалски час на минатогодишниот шампион во младинска конкуренција „Шкупи“. Младите „жетвари“ денес на Чаир во рамките на 1/8 финалето од Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија го совладаа домаќинот и големиот фаворит „Шкупи“ со 4:3 по подобро изведување на пеналите, откако во регуларниот дел мрежите мируваа. Головите за „Осогово“ од белата…

ЦЕНИТЕ ЗА УСЛУГИ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ УСОГЛАСУВААТ СОГЛАСНО ПРОЦЕНТОТ НА ИНФЛАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА

Сметководителите со соопштение дека цените за услугите ќе се усогласуваат во согласност со процентот на инфлацијата во земјата. Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата. Инфлацијата продолжила да расте во земјава и во текот на октомври 2022 година…

БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ

Неполна година по назначувањето на Зоран Сребренов за Претседател на БК „Спартак“ и изборот на неговите соработници, почнаа на виделина да излегуваат резултатите. Иако во тешки услови сепак полека но сигурно најтрофејниот клуб во општината БК „Спартак“ почна да застанува на здрави нозе. Дека има резултати од една година работа се виде веќе на неодамна…

КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“, ТРИ ОД ТРИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Одличен викенд за кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани. Во три конкуренции, три одиграни натпревари и исто толку победи. М-14 лига, „Ролинг“ – „Баскет Дино Деликатес“ 52:86 (06:22; 11:23; 21:14; 14:27) Кошевите ги постигнаа: Ристов 25; Гошев 22; Јангелов 17; Тасев 8; Крстов 6; Оклох 4; Ангелов 4. М-18 лига, „Баскет Дино Деликатес“ –…

ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД 14 НОЕМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕСОТ

По повод 14 Ноември Светскиот ден за борба против дијабетес, Здружението на дијабетичари од Кочани денес во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани организираше предавање наменето за наставниот кадар од основните и средни училишта како и од градинките од регионот. Целта на средбата беше да се запознаат вработените со тоа што е дијабетес и…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА САЛАТА ВО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на нови објекти на Министерството за култура досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани. Реконструкцијата на објектот на НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани е започната во 2018 година со изведба на фазата за реконструкција…

ОТВОРЕН XVI „САЕМ НА КНИГАТА“

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ денес и официјално започна 16 издание на „Саем на книгата“. „Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови“ истакна…

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ДУОТЛОН, УБАВ УСПЕХ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА КОЧАНИ

Изминатиот викенд на Кејот на Вардар во Скопје се одржа годинешното Државно првенство во Дуотлон. Претставниците на Кочани кои учествуваа на ова првенство се претставија во вистинското светло, освоени се две први места, едно второ и едно трето место додека еден натпреварувач заврши како четврти. Натпреварувачите најпрвин трчаа 5 километри, потоа возеа 20 километри  со…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО КОЧАНИ ДЕЛЧЕВЦИ САМИТЕ СЕ ПОБЕДИЈА

Интересен и доста неизвесен натпревар одиграа „Осогово“ и „Брегалница“ од Делчево во рамките на 9-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. До крајот на натпреварот остануваа да се одиграат уште две минути од регуларниот дел кога гостите од Делчево имаа сé во свои раце, водство од 2:1, домаќините играа со десет играчи а и…