Последни вести
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“
Во организација на Ротари Клуб „Камен Мост – Скопје и коорганизација на Ротари Клуб „Кочани-Виница“ и Ротари Клуб „Велес“, во Сабота, 8 април 2023 г., под мотото „Гласот на изборот” во Меѓународното училиште „НОВА“ успешно се одржа 11. Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци. Ротари Клуб „Кочани-Виница“ традиоционално е коорганизатор на овој настан и…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРЕДНОСТА НА ОСУМ БОДОВИ
Во рамките на 17-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток, денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ по лизгав терен и време проследено на моменти со ситен дожд „Осогово“ го совлада најголемиот конкурент за највисок пласман „Овче Поле“ со резултат 2:0 (2:0). Од самиот почеток играчите од двете екипи заиграа отворено но на моменти…
ТРИЕСЕТ ГОДИНИ „PICCADILLY“
Во предвечерјето на овој викенд со пригодна забава првото поголемо кафуле отворено во Градскиот Трговски Центар во Кочани, „Piccadilly“ го прослави својот 30-ти роденден. Да опстанеш триесет години на овие простори во овие бурни времиња е гаранција за квалитетно работење. Клиентелата на „ Piccadilly “ која е постојано овде со голем респект зборува за квалитетната…
ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ СЕ ЗДОБИЛ ВОЗАЧ НА МОТОЦИКЛ
На 08.04.2023 во 00.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет“со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(31) од с.Горни Подлог, кочанско и мотоцикл „априлија“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил…
КЈП „ВОДОВОД“ – ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА КОСЕЊЕ НА ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО ОРИЗАРИ
Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ целата Општина Кочани. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на вработените од одделението за градско зеленило со поддршка на Општина Кочани, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници во градот и населените места. Косењето на тревната вегетација претходните денови се одвиваше во…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА -ИСТОК, ПРВА МЕЧ ТОПКА ЗА „ОСОГОВО“
Недела, 15:00 часот, термин за кога се закажани натпреварите од 17-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во Кочани се игра дерби натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи. Кочанчани се со предност од 5 бодови и со евентуална победа над незгодната екипа на „Овче Поле“ и натпревар повеќе ја имаат првата меч топка за освојување…
ТРАЈЧЕ ДИМКОВ ОД ИМЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО БОРАЧИ ВЕТЕРАНИ НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ 43 ПРИЗНАНИЈА
Во текот на вчерашниот ден (Петок) во Радовиш, Здружението на борачи ветерани на Македонија одржа состанок на кој беше верификуван мандатот на претседателот избран на Собранието на Здружението Трајче Димков, а беа избрани и Потпретседател Ердиќ Ризаов, секретар Славчо Тодоров и Управен Одбор од единаесет членови. Токму одржаниот состанок беше повод за закажување на заедничко…
„ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ – ДЕФИЛЕ ПО ПОВОД 7. АПРИЛ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во рамки на ЦКА –ПХВ циклусот 2023 год. под мотото „Здравје за сите“ денеска реализираше дефиле низ кочанските улици. Претставници од основни и средни училишта и волонтерите на Црвен крст пешки со транспаренти со пораки за здравје дефилираа од Градскиот парк до Градскиот плоштад и…
КЈП „ВОДОВОД“ – ПОЛНЕЊЕ СО ПОЧВА НА НОВО ПОСТАВЕНИТЕ БЕТОНСКИ ЖАРДИНЈЕРИ
КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево…
ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 8 . АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се…