Последни вести

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која се вели: -Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, од мое лично име и од името на општинската администрација упатувам искрени честитки до сите верници од исламската вероисповед. Овој празник не потсетува дека со помагањето…

НА 11.ЈУЛИ.2022 ГОДИНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 14. СЕДНИЦА

Четиринаесеттата седница на Советот на Општина Кочани, која првично беше закажана за 8 јули 2022 година, ќе се одржи в понеделник, на 11 јули 2022 година, со почеток во 9 часот. На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки: Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на…

КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ, ОД „ИДНИНА С“ ДО „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Сите убави нешта кога фудбалот е во прашање  кон крајот на минатата седмица беа резервирани за фудбалскиот трансфер на извонредниот Јован Манов од „Брегалница“ (Штип) во „Адана Демирспор“. Сонот кој го имаше ова скромно момче, но голем работник и на тренинзите и на натпреварите се претвори во реалност. Одличниот Јован Манев замина да игра во…

ПЕТРОВДЕН 2022 – ПРОГРАМА

9.7.2022 Пониква Осогово / 11 часот – „За Петровден сите на планина“ – меѓународен фестивал на стари изворни влашки песни и ора Мултикултурен центар / 19 часот – Афористичка репрезентација на Македонија – членови од Кочани 10.7.2022 Осоговски планини – Петровденски планинарски марш Градски парк / 10 – 24 часот – Втора интернационална берза на…

СОВЕТНИЦИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА И ОДГОВОРНИТЕ ВО ОПШТИНАТА ДА ГО РЕШАТ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО ГРАДОТ

Нерегистрирани возила „летаат“ по улиците на градот, малолетници без дозвола управуваат со возила, паркирање по тротоари, по зелени површини, од двете страни на коловозот, пред патеки за лицата со посебни потреби, во близина на кружните текови, со години нерегистрирани возила заземаат дела од површините, й сето тоа создава една грда слика, создава еден сообраќаен хаос…

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Н.Е. ВЕРОНИК УЛМАН

Денеска во посета на Општина Кочани беше амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман. Во текот на денот, заедно со градоначалникот на Општина Кочани беа посетени Осоговските Планини, Инфо Центар – Пониква, проследено со кратка прошетка и запознавање со туристичките потенцијали кои ги поседува Пониква како заштитено подрачје. Беше остварена и посета…

ИЗГРАДБАТА НА ПЛАТФОРМА ЗА КАТНА ГАРАЖА НЕ ДОБИ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ГРАЃАНИТЕ

Вечерва во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани се одржа јавна трибина на која единствена точка беше предлог изградба на платформа за катна гаража кај големиот паркинг, пред ламела „Б“ во Градскиот Трговски Центар. На трибината присуств8уваа претставници од станарите на блокот „Б“, сопственици на дуќани и обични граѓани кои масовно се вклучија во дискусијата….

СО НАВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ИЗГАСНАТ И СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ КАЈ ВРАНИНЦИ

Со интервенција на три возила и девет пожарникари потпомогнати со шест доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани пожарот кој денес попладне избувна кај Вранинци е успешно ликвидиран. Во пожарот кој бил пријавен во 12:30 часот причинета е материјална штета, изгорени се два хектари нискостеблеста шума и оштетени се три објекти кои не биле населени….

СЕ Е ДО МЕНТАЛНИОТ СКЛОП НА ЛУЃЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕТО ДИВИ ДЕПОНИИ

Жителите на Кочани кои што живеат под улицата „Крушевска’ во непосредна близина на една од старите кули мака мачат последните години со т.н. комшии, поточно на жителите од улиците „Коста Рацин“, „Ударничка“, „Шукри шаин“ па и „Крушевска“. Честопати во непосредна близина на нивните домови и дворови преку ноќ се создаваат депонии на кои може да…

ДЕТЕ ПРИЈАВИЛО МАЛТРЕТИРАЊЕ ОД РОДИТЕЛ

На 04.07.2022 во 18.00 часот во Полициска станица Кочани, малолетник од Кочани, заедно со двајца претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Кочани, пријавил дека малолетникот бил физички нападнат од неговиот татко М.Ј. од Кочани. Детето било сместено во згрижувачко семејство, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР:…