Последни вести

СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ГИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈАТА НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ГЕНЕРАЦИЈАТА 2018/2022

На симболичен и достоинствен начин денес во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани на свеченоста која беше организирана од Наставничкиот совет на училиштето беа доделени признанијата на Првенецот и учениците во генерацијата 2018/2022 година. Признанието „Првенец на генерацијата“ и беше доделено на Теодора Санева, ученичка во IV/7 паралелка, додека пофалници за континуиран одличен успех во сите…

ДВЕТЕ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД КОЧАНИ ЗАДОВОЛНИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК – ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ

Во тек се уписите на нови ученици во двете средни училишта во Кочани,  во кои има доволно слободни места за деветоодделенците од општината кои годинава го завршија основното образование. За разлика од минатите години, сега новина е што пријавувањето за запишување е електронски, преку посебен систем што го подготви Министерството за образование и наука. Според…

ПРОТЕСТ – ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО АТАРОТ НА БАЊА И ТРКАЊЕ, БАРААТ ПРИСТАП ДО НИВИТЕ ПО ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ

Протест поради одземениот сообраќаен пристап до нивите по изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани денеска организираа сопственици на земјоделско земјиште во атарот на кочанските села Тркање и Бања. Дополнителен проблем е отежнатиот влез во селото Тркање, па возилата ќе мораат да обиколуваат неколку километри за да можат да се приклучат на експресната коловозна лента….

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“

Вечерва околу 19:45 часот на улицата „Тодосија Паунов“ се случи сообраќајна несреќа. Во сообраќајката учествувале две возила ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски таблички и „Сузики Свифт“ со кочански регистарски таблички. Сообраќајката поминала со материјална штета. С. Ивановски

М-Р ДУШАНКА ГОРГИЕВА ТРПЕВСКИ ИМЕНУВАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ ПРИ ОО НА СДСМ КОЧАНИ

Претседателката на Форум на жени на СДСМ Јована Тренчевска вечерва им ги врачи Одлуките на осумнаесет нивни членови кои се именувани за Претседателки на Форум на жени во општинските организации на СДСМ. Честа во Кочани во наредниот период да биде на челото на Форумот на жени на ОО  СДСМ Кочани и припадна на м-р Душанка…

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НАРКОТИЧНИ ДРОГИ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.И.(37) од село Грдовци и А.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против А.М.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА МАРИХУАНА И АМФЕТАМИН

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.В.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против М.З.(22) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Општина Кочани како организатор на турнирот ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 17 јуни 2022 година, да се пријават за учество на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години….

КАРАТИСТОТ ФИЛИП СТОЈАНОВ ЗАМИНА ПО МЕДАЛ

Членот на карате Клубот „Партизан“ од Кочани Филип Стојанов со останатите карате репрезентативци на Македонија замина на Европското Првенство за „Кадети, јуниори и У-21“ кое од 17 до 18 Јуни ќе се одржи во главниот град на Република чешка, Прага. Стојанов кој со макотрпни тренинзи и одлични настапи на татамито го заслужи овој повик на…

ШКОЛА ЗА ГИТАРА „MUSIC ON“ – ГО ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ЗАВРШЕН ЧАС

Учениците од единствената школа по гитара „Music On“ од Кочани и нивниот ментор Дејан Алексовски успешно се претставија пред љубителите на музиката со својот „Завршен час“, зад кој оставија уште една успешно реализирана школска година. Прекрасно изведените музички нумери од домашни и странски изведувачи ја разгалија публиката која се собра во салата на „Мултикултурниот центар“…