Последни вести

ПРОСТИОТ ШТО ЌЕ НАПРАВИ НИ ПЕТ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА НЕ МОЖАТ ДА ИСЧИСТАТ

Изминатиот период објавувајќи писма, записи, фотографии од нови и нови диви депонии, од нечисти улици, од расфрлан смет околу контејнерите имавме за цел да ги иритираме надлежните во општината за одржување на чистотата во градот се со цел да се веднаш реагира и она што претставува грда слика на Кочани да биде отстрането. Во текот…

РЕГИОНАЛНИОТ АКТИВ НА НОВИНАРИ „ИСТОК“ ИМ ГИ ВРАЧИ ПРИЗНАНИЈАТА НА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО 2021 ГОДИНА

Регионалниот актив на новинари „Исток“ по втор самостојно, ја организираше традиционалната манифестација на која беа врачени признанија на институции, стопански организации и поединци кои со своите остварувања ја одбележаа 2021 година. ЖИВОТНО ДЕЛО: Највисокото признание наградата за животно дело му е доделено на новинарот ИВАН БОЈАЏИСКИ за 60 години новинарска кариера која сеуште трае и…

ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА ВРЕДНА НАД 400.000 ЕВРА ВО КОЧАНИ

На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење…

ПОДНЕСОК ОД ПОЛИЦИЈАТА ПОРАДИ ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА

На 15.07.2022 во 02.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.,,Димитар Влахов“ во Кочани, по вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.В.(46) од с.Косевица, општина Македонска Каменица и А.Д.(27) од Кочани. По комплетирање на случајот против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР…

ЗАТВОРЕНА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ПЕТРОВДЕН 2022“

Овогодинешната програма за Петровден 2022 беше затворена синоќа, 14.07.2022 во Мултикултурниот центар Кочани со концертот на пијанистката Благица Арсова. Таа е пијанистка од Кочани, која има освоено многубројни државни и меѓународни награди. По завршувањето на студиите во Македонија, продолжува на конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст-Италија во класата на маестро Лука Трабуко и е пред дипломирање….

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРУШКА – АЈДАР И БРАНАТА РЕЧАНИ

При денешната теренска посета, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети ридско-планинските предели на Кочани, односно работните активности на локалниот пат Крушка – Ајдар и браната Речани. Целта на денешната посета беше увид во работите и напредокот во реализацијата на работите за изградба на втората фаза од локалниот пат Крушка – Ајдар во должина…

„ИСИ ЧЕШИНОВО 2022“ – СИЛЕН СТАРТ НА „КАРБИНЦИ“ И „СЛОГА ВИНИЦА“

Во средата и четвртокот  продолжија натпреварите на годинешните Илинденски Спортски Игри. Екипите на „Карбинци“ и „Слога Виница“ имаа успешен старт. Со играта што ја прикажаа двете екипи покажаа дека атакуваат на висок пласман на турнирот. Во средата екипата на „Карбинци“ го совлада „Облешево“ со 3:1, додека во четвртокот најпрвин „Слога Виница“ ја декласира екипата на…

НА 18 И 19 ЈУЛИ – ТРЕТМАН ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

Се известуваат граѓаните и институциите дека во понеделник, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ќе ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Ќе бидат опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Во вторник, 19.07.2022 година во раните…

ПО ВЕРБАЛНА РАСПРАВИЈА НАСТАНАЛА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА

На 13.07.2022 во 13.52 во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Бел Камен“ и ул.„1 –ви Мај“ во Кочани, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.Ј.(38), В.Ј.(42) и Б.Ј.(71), тројцата од Кочани, од една страна и Ж.А.(60), В.А.(47) и Б.С (32) вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Кочани, од друга…

КОЈ ТОА ОДЛУЧИ ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ ЗАД БИСТИТЕ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ?

Деновиве забрзано се работи на изградбата на јавни тоалети и тоа никаде на друго место туку до  Домот на културата „Бели Мугри“ и веднаш зад новата локација на бистите на борците од НОБ Љупчо Сантов и Раде Кратовче. Уште кога започна реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ (за одредени поединци е „Градски парк“) и сознанието дека…