Последни вести

РОДИТЕЛИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА ЗА СВОИТЕ ДЕЦА

Деновиве ни се јави наш читател кој очигледно е дека загрижен за здравјето и безбедноста на дечињата кои ја посетуваат Детската градинка „Клон 3“. „За жал но ЕВН со група изведувачи како и пред десет години така и сега поставуваат низок ормар за струја одма до оградата на градинката кај Панаирот во Кочани. Вработените во…

ОО СДСМ – КОЧАНИ: РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ОБЈАВЕНО НА 19.11.2021 ГОДИНА

СДСМ секогаш се одлучувала во интерес на ранливите категории низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите. За секое прекршување на законот, следуваа преземења на соодветни мерки. Искажаните сомнежи единствено може да ги демантираме преку факти, затоа јавно ги повикуваме надлежните институции да испитаат колку дивоградби се изградени во периодот од 2009-2017, а…

СЕ АСФАЛТИРА КРАК И ПАРКИРАЛИШТЕ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Завршува уредувањето на крак од улицата „Роза Петрова“ со паркиралиште, во непосредна близина на станбениот комплекс во населбата Калиманова Глава. Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека деновиве се работи на асфалтирање и дека досега е поставен асфалт на околу 80 проценти од површината што се уредува. Заради оформување на местата за паркирање, претстои изградба…

УТРЕ (САБОТА) Е ДЕН ЗА ФУДБАЛСКОТО КОМШИСКО ДЕРБИ

Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток. Несомнено е дека натпреварот кој го привлекува најголемото внимание на љубителите на фудбалот  ќе се одигра во Кочани. На програмата е комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“, натпревар кој секогаш побудувал голем интерес кај навивачите од…

ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ Почитувани, Опозицијата СДС, откако ја изгуби власта започна со хистерични реакции и небулози, кои допираат далеку од фактичката состојба и реалност. Исто така опозицијата го злоупотребува името на ВМРО – ДПМНЕ како општинска организација, за да креира лажна слика за промените и проектите кои допрва доаѓаат….

ВТОР „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРЕДВОДЕНА ОД ДПМНЕ

Почитувани сограѓани, Изминативе четири години постојано се движевме во насока на подобрување на нашата општина од секаков аспект и во секоја сфера. За жал, не секој дејствува за доброто на сите и не секој го става заедничкиот интерес над личниот. Вчера, со одлука од градежната инспекција, поради отсуство на одобрение за градба – беше затворен…

17 НОЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТУДЕНТИТЕ

Почитувани, Денес е 17-ти ноември, Меѓународниот ден на студентите.  Низ целиот свет се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на трагедијата која се случила токму денес во 1939 година кога нацистите погубиле 20 чехословачки студенти при протестите против окупацијата. Повеќе од 1200 студенти биле одведени во концентрациони логори, биле стрелани 9…

ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД „КОЧАНСКА РЕКА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Со поставувањето на бекатон плочи на патеките покрај Кочанска река од последниот мост кон „Бавчалук“ проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“ почна полека да ја добива својата физиономија. Според потпишаниот договор, изведувачот „АТП“ од Свети Николе треба да ги заврши комплетните работи до крајот на овој месец. За потсетување само, проектот предвидува…

УСВОЕНИ РАЗВОЈНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА 2022 ГОДИНА, ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Советот на Општина Кочани на втората редовна седница ги усвои новите развојни програми за претстојната 2022 година. Според Програмата за уредување на градежно земјиште, во 2022 година ќе се наменат 39.700.000 денари за изградба на објекти од комунална инфраструктура со кои ќе се обезбеди непречен  пристап  до  градежната парцела од јавен пат и ќе се…

ДАЛИ ПРВИОТ „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ Е ИСПЛАТА НА КАМАТА ВО ИЗНОС ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА АВТО АТОМ ЗА ИЗВРШНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПЕРИОД 2012-2017 ГОДИНА?

Почитувани сограѓани, Денес сме сведоци на првиот „Капитален проект“ на новото раководство на Општината. На крајно безобразен и бесрамен начин, со ребалансот на буџетот на Општина Кочани се вметнуваат 8 милиони денари за исплата на камата по извршни решенија за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година на превозникот Авто Атом и…