Последни вести

ДА СЕ НАЈДЕ ВИНОВНИКОТ И ДА ЈА ВРАТИ ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА ОКОЛУ ДРВЦАТА

Сакаме чиста животна средина а истата од ден на ден на било кој начин се трудиме да ја уништиме. На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден имаше реакции за недомаќинскиот однос на оние кои дел од асфалтот кој го користеле да направат паркинг простор на источната страна од ДК „Бели Мугри“ ставиле и околу…

РЕСТОРАН „АМОР“ ЗАКАЖА НОВА ГОЛЕМА ЗАБАВА

Уште не стивнале импресиите од големата забава што во пресрет на Нова година ја организираше ресторан „Амор“ кога гостите ги забавуваше познатиот „TROPICO  BAND“ кога еве сега за Божиќ менаџерскиот тим на „Амор“ закажа нова голема забава. На 7 јануари во Ресторан „Амор“ ќе гостува Дарко Филиповиќ што е убава можност за уште една голема…

ЧЕТИРИ ИГРАЧИ СИ ЗАМИНАА ОД ГФК „ОСОГОВО“

По новогодишните празници четири играчи на „Осогово“ го напуштија кочанскиот второлигаш. Еден од најдобрите голмани во источната втора лига  Благојче Иванов и еден од најдобрите играчи во нападот Аделин Ќазимов веќе потпишаа за екипата на „Беса“ член на Втора Фудбалска Лига – Запад, штоперот Иван Мицевски кој покажа дека знае да игра фудбал се врати…

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА БИДЕЈЌИ УСМРТИЛ КУЧЕ

На 04.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ј.М.(64) од Кочани бидејќи околу 12.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа на место викано „Копачите“, атар на Кочани, со ловечка пушка усмртил куче. Ловечката пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм била одземена, а увид извршила екипа од ОВР Кочани во…

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

„Почитувани сограѓани, Ви ги честитам овие православни празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е празник на мирот, радоста и љубовта, а Бадник е предвесник на големиот христијански ден и носи благосостојба, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза. Вербата ја прави секоја желба возможна, затоа овие Божиќни празници нека ни ги исполнат…

ДОНАЦИЈА ЗА ЖФК „КОЧАНИ“ ОД СЕСТРИТЕ АНЃЕЛОВИ И КОМПАНИЈАТА „ПЕНЏЕР ПЛАСТ“

Убав новогодишен подарок добија девојчињата од ЖФК „Кочани“. Подарокот е 25 дуксери кои ги обезбедија некогашните играчи на ЖФК „Кочани“ Драгана и Дијана Анѓелови и компанијата „Пенџер пласт“ од Кочани. Сестрите Анѓелови се дел од екипата на ЖФК „Кочани“ која под водството на тренерот Оливер Јовановски во натпреварувачката 2013/2014 ја освоија двојната круна (шампиони и…

ВО КОЧАНИ ПРВ СЛУЧАЈ НА ЛИЦЕ ЗАБОЛЕНО ОД ОМИКРОН СОЈОТ

Од новите девет откриени случаи на заболени лица од Омикрон сојот едно е од Кочани. Од Министерството за здравство информираат дека во лабораторијата на ИЈЗ секвенционирани се 24 примероци на пациенти од Кочани, Велес, Скопје, Богданци и Гевгелија а само кај девет од нив е констатиран Омикрон сој.

БЛАГОДАРНОСТ ОД СЕМЕЈСТВОТО ЛАЗАРЕВИ ДО СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

По едногласната одлука од страна на советниците на Советот на Општина Кочани во иднина досегашната Градска спортска сала да го носи името Сашо Лазарев – Чапо се огласи семејството Лазареви. „Јас и мојот син Дино сакаме јавно да искажеме една голема благодарност до сите советници од Советот на Општина Кочани што на последната седница изгласаа…

ВО СООБРАЌАЈКА НА ЧЕТИРИ ВОЗИЛА ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ

Во сообраќајката која се случи денес попладне неколку метри над мостот за Општа болница со проширена дејност – Кочани, три лица се повредени. Во сообраќајката учествувале четири патнички моторни возила сите со Кочански регистарски таблички. Повредените лица се пренесени во Општа болница со проширена дејност – Кочани. Според дежурната екипа во Општа болница со проширена…

ЗДРУЖЕНИЕТО „ФОНДАЦИЈА ЕДИНСТВО“ ДОДЕЛИЈА ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

По повод Новогодишните и Божиќните празници Здружението „Фондација Единство“ од Кочани, во соработка со претставници на Оптина Кочани, доделија пакетчиња на социјално загрозените семејства. Здружението „Фондација Единство“ ја претставуваше Столе Велков, Претседател на здружението. Доделените пакетчиња се дел од социјалната програма на Општина Кочани.