Последни вести

ПРЕВЗЕМЕНИ СЕ СИТЕ МЕРКИ ЗА СМИРУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

Депонијата која деновиве константно чади, претставува сериозен проблем за населението, но и за службите кои се борат со нејзиното гасење и смирување. Имено, гасењето оди во отежнати услови, бидејќи во депонијата се наоѓа метан во поголеми количини. При денешната посета на градската депонија од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и директорот на…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО 2022 ГОДИНА

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во саботата го посети првото новороденче во Кочани во 2022 година и неговата мајка Ивана Тасева. Мајката Ивана на свет го донесе своето второ дете, ќерката Софија на Акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност – Кочани. „Породувањето помина во најдобар ред и се чувствувам добро. Сакам да…

И ДЕНЕС БЕЗ РЕАКЦИИ ЗА ГЛАВНАТА ДЕПОНИЈА ЧАДИ ЛИ ЧАДИ

Ниту одговорните инспектори да излезат на терен, ниту одговорните од КЈП „Водовод“ да зуцнат нешто, никој, ама буквално никој не го интересира дали Главната депонија гори и чади и дали жителите на Кочани се гушат во чад. Можеби за инспекторите е оправдано што не реагираат бидејќи не се сигурни дали од јануари оваа година им…

ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ЛОВ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ЛОВЏИЈА ОД КОЧАНИ

Во селото Јастребник во близината на Кочани утринава за време на лов се случил инцидент во кој е повреден ловџија од Кочани. Педесет и петгодишен ловџија бил тешко повреден при истрел од ловечка пушка од негов колега. Несреќниот ловџија се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот а поради стрмниот и непристапен терен морале…

СПОРЕД ПОБАРАНАТА ИТНА ПОМОШ, НАЈМИРНА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО ПОСЛЕНИТЕ ГОДИНИ

Новогодишната ноќ кога е во прашање побараната итна медицинска помош поминала релативно мирно и ако се направи споредба со претходните години таа е една од најмирните досега. Од 19:00 часот во петокот па до денес 08:00 часот итна медицинска помош побарале 25 пациенти. Двајца возрасни (маж и жена) биле во пијана состојба, тројца учествувале во…

ГЛАВНАТА ДЕПОНИЈА ВЕЌЕ НЕ ЧАДИ, ТАА СЕГА ПОЧНА И ДА ГОРИ

Главната депонија за која претпладнето добивме повеќе фотографии од наши сограѓани кои патуваа кон Пониква дека испушта густ чад повеќе не чади, таа сега и чади и гори. Таква беше сликата попладнето некаде пред 16 часот. Депонијата почна да гори и доколку надлежните не преземат посериозни мерки за нејзино угаснување ветерот може да го разгори…

ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО КОЧАНИ ВО 2022 ГОДИНА Е ДЕВОЈЧЕ, ГОДИНАТА ЌЕ БИДЕ УБАВА

На акушерското одделение при Општа Болница со проширена дејност во Кочани денес пред 15 часот се роди првото новороденче во 2022 година. Новороденчето е девојче и е втора рожба на мајката Ивана Тасова. Како што истакнува д-р Александар Серафимов – директор на Општа болница со проширена дејност, се работи за здраво женско дете со тежина…

САНИРАН НАСТАНАТИОТ ПРОБЛЕМ СО РЕШЕТКА НА УЛИЦА „СТРАШО ЕРБАПЧЕ“

Освен дежурните екипи на Одделението за јавна чистота во КЈП „Водовод“ – Кочани, кои како секое и ова утро се грижат за јавната чистота на градот, овојпат после новогодишната ноќ, во текот на вчерашниот и денешниот прв ден од 2022 година, дежурни екипи на КЈП „Водовод“ интервенираа за настанат проблем со решетка на улицата „Страшо…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ЉУПЧО ПАПАЗОВ УТРИНАВА ГИ ПОСЕТИ ДЕЖУРНИТЕ СЛУЖБИ

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на првиот ден од 2022 година ги посети дежурните екипи на Полициската станица – Кочани и Територијалната противпожарна единица – Кочани и се информираше за работата на службите во текот на новогодишната ноќ. Од Полициската станица во Кочани информираат дека новогодишната ноќ поминала без нивни посериозни интервенции и во…

КАКО ЈА ИСПРАТИВМЕ, ТАКА ЈА ДОЧЕКАВМЕ НОВАТА ГОДИНА

Како што ја испративме, така и ја дочекавме новата година. Главната депонија никако да престане да чади па не е ни чудно што сите оние денес што заминаа кон Пониква мораа да поминат низ димна завеса која создаваше непријатен мирис и ги печеше очите. Сепак, се надеваме дека и овој проблем набргу ќе биде решен,…