Последни вести
ЧЕТВРТИ ДЕН ГОРИ ШУМА МЕЃУ ПРЕСЕКА И ЦЕРА – ВО ГАСНЕЊЕТО ВКЛУЧЕНО И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ
Пожарникарите од Кочани и Македонска Каменица сѐ уште интервенираат на големиот пожар меѓу селата Пресека и Цера, кој е локализиран, но сѐ уште е активен. Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, Национални шуми и двете доброволни противпожарни друшта „Кочани“ и „Саси“, веќе четврти ден се борат со огнот на Осоговските Планини. Во гасењето…
IN MEMORIAM
Почина Тодор Пашоски, поранешен градоначалник на Општина Кочани Во 74-тата година од животот, почина Тодор Пашоски, градоначалник на Општина Кочани во периодот 2003/2004 година. Беше претседавач на Советот на Општина Кочани од 2000 – 2003 година. Тодор Пашоски беше доктор по стоматологија, специјалист по протетика со долгогодишно искуство во својата професија. По повод смртта на…
ГФК „ОСОГОВО“ ГИ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА СЕЗОНАСКИТЕ БИЛЕТИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА 2024/2025 ГОДИНА
Ги информираме сите навивачи дека се пуштени во продажба сезонските билети за претстојната натпреварувачка сезона во Втора Македонска Фудбалска Лига 2024/25 година. Билетите може да ги набавите во Тобако „АЛМО“ (спроти ВИП салонот) и „Шишко“ во Трговскиот центар. Цената на сезонскиот билет е 1.000 денари и важи за сите 15 натпревари (есен – пролет) кои…
ИЗВЕДУВАЧОТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА КОЧАНСКАТА ДЕПОНИЈА – ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЛЕГУВА СО МЕХАНИЗАЦИЈА
Од понеделник, 19 август, фирмата изведувач задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион ќе ги започне првичните активности за затворање на депонијата во Кочани. Ова е договорено на состанокот на градоначалникот Љупчо Папазов со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, претставниците задолжени за реализација на…
„ОСОГОВО“ СО ДЕВЕТ НОВИ ИГРАЧИ НА ВТОРОЛИГАШКИТЕ НАТПРЕВАРИ
До стартот на новото првенство во Втора Фудбалска Лига остануваат уште три дена. Кочанскиот второлигаш со девет нови играчи кои беа ангажирани во летниот период и со речиси комплетниот состав од минатото првенство ќе го започне натпреварувањето. Со почетокот на подготовките од клубот беше најавено дека главниот приоритет во летниот преоден рок е да се…
ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД ОПШТИНА КОЧАНИ Е ВО ИНСТИТУЦИИТЕ СО „МНОГУ ДОБРА“ ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Активната транспарентност на Општина Кочани во 2024 година изнесува високи 94,3 %. Од 98 рангирани институции, општини, министерства и Влада, Општина Кочани се наоѓа на 17-тата позиција. Според Индексот на активна транспарентност за 2024 година на Центарот за граѓански комуникации, Општина Кочани петта година по ред е во најдобрата група институции според активната транспарентност, кои…
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО ВО УМЕТНИЧКИОТ ПЕРФОРМАНС „ИЗБОР НА ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА“
По повод 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ што ќе се одржи од 26 до 29 септември, Општина Кочани планира да организира Избор на жетварска убавица – уметнички перформанс. Со цел да ја промовира убавината и улогата на жената во традицијата на оризопроизводството, Општина Кочани ќе обезбеди високи награди за жетварската убавица и двете придружнички….
ОПШТИНА КОЧАНИ ОТУЃУВА ШЕСТ ПАРЦЕЛИ ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Општина Кочани ја распиша 39. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба шест градежни парцели, од кои четири се со намена индивидуално домување и две со намена за домување на објекти во станбени куќи А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени. Три од парцелите за индивидуално домување…
ДАЛИ ПРОТЕСТИТЕ И ПЕТИЦИИТЕ ЌЕ ЈА ИЗГАСНАТ ДЕПОНИЈАТА?
Вчерашното повторно чадење на депонијата внесе немир меѓу жителите на Кочани и од околните села. Непријатната миризба се чувствуваше во градот а според некои информации и во некои села околу Кочани. Според изјавите на жителите со вдишувањето на воздухот почнале да кашлаат а и очите ги печеле и им солзеле. Интересно е што за време…
ВО ПЕТОК ГОЛЕМ МУЗИЧКИ НАСТАН НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ
На 16 август (петок), светски познатата дискографска куќа Cafe De Anatolia и Alfa Events ќе организираат неверојатен музички настан на Споменик на слободата, Кочани. Споменик на слободата е избран како локација поради неговата историска и културна важност, која додава посебна атмосфера на настанот. Оваа локација е и симболична бидејќи ова е првиот настан на Cafe…