Со силни емоции и громогласни аплаузи вчеравечер беше промовирана книгата ,,Девојчето со лавовско срце” на авторките Симона и Драгица Стаменкови од Виница.
Книгата е посветена на младата прерано почината Симона Стаменкова која се јавува како прв автор а коавтор е нејзината мајка Драгица кое ова дело го издава постхумно во чест на својата ќерка и на десетгодишнината од нејзината смрт. Книгата е создадена од личните белешки, доживувања кои во дневници ги пишувала младата Симона а сега надополнети со записи на нејзината мајка севкупно преточени во несекојдневно, уникатно дело.
Читателите вели Драгица ќе нурнат длабоко во емоциите и неверојатната сила која ја поседуваше мојата ќерка. Токму преку оваа книга испраќаме силна порака, дека човекот треба лавовски да се бори до последната секунда на овој свет.
,,Мојата ќерка всушност е автор на книгата а јас како нејзина мајка ја обработив, дополнив со мои записи. Јас сум коавтор на книгата,, Девојчето со лавовско срце” со која одбележувам 10 години откако Симона не е повеќе меѓу нас .Идејата за вакво нешто ја добив читајќи ја книгата ,,Кој ќе плаче кога ќе ме нема” од Робин Шарма. Во оваа книга ќе нурнете во детскиот, средношколскиот и студентскиот живот на ќерка ми, краток живот кој го живееше учејќи а во исто време и пишувајќи. Нејзините белешки ги најдов во нејзините дневници а јас прелистувајќи ги најдов дел од неа. Имаше безброј како да знаела дека прерано ќе замине од овој свет. Сигурна сум дека ќе допре емотивно до сите читатели. ” додава мајката Драгица Стаменкова.
На промоцијата која се одржа во Домот на култура ,,Тошо Арсов” во Виница талентираните Кристијан и Ивана ги интерпретираа омилените песни на Симона меѓу кои нејзината автобиографска – “Кој да ми запее” пред многубројните присутни виничани, писатели, поети, пријатели, роднини, познаници кои не можеа да ги сопрат емоциите.
Инаку ова е трета книга која постхумно мајката Драгица Стаменкова ја издава во чест на својата прерано почината ќерка Симона.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ