По дождливо време особено во второто полувреме „Осогово“ и младинците на „Академија Пандев“ од Струмица одиграа добар натпревар во кој резултатот беше во втор план.
Кочанчани со головите на Манов (4) Јованов (1) и Крстов (1) славеа со 6:0 (3:0) но поважно од се е што Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ Ефтим Аксентиев виде што е досега сработено и што треба да се доработи во следните две седмици, поточно до почетокот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.
Во првото полувреме додека имаше мали врнежи на дожд играчите играа како да се работи за првенствен натпревар но во второто полувреме откако дождот се засили претпазливата игра на играчите од двете екипи беше во втор план.
С. Ивановски