ВО ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВЕ ГРУПИ МАЛОЛЕТНИЦИ ОБИД ЗА УПОТРЕБА НА ЛАДНО ОРУЖЈЕ

август 3, 2023
1 min read

Во вторникот навечер на платото во трговскиот центар пред блокот „А“ избила масовна тепачка на две групи малолетници.

Како што дознаваме се било поради наводно некоја девојка па малолетниците толку навлегле длабоко во тепачката што еден од нив извадил и ладно оружје. Сепак врисокот на присутните како да го преплашил па ножот го фрлил во еден од одводите.

Била повикана и полиција а дошле и од противпожарното друштво за да ја извлечат шахтата и да го бараат ножот.

Во текот на денешниот ден добивме информација од присутните на настанот дека ножот е пронајден.

Два дена пред овој немил настан при едно лудување на исто така малолетни лица едниот ја загубил контролата удрил во еден од излозите, го скршил големото стакло и се здобил со раскопини.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ