Здружението „Ника Мантов“ од Кочани продолжува со својата мисија, помагање на ГФК „Осогово“.
Овој пат Здружението донираше 73 комплети тренерки за сите младински категории на ГФК „Осогово“ (пионери, кадети, младинци).
„Јавна и голема благодарност до членовите на здружението НИКОЛА МАНТОВ за донацијата во тренерки за сите младинци, кадети и пионери на ГФК „Осогово“! Нивната континуирана поддршка и ангажман за нас се голема мотивација да ја оствариме нашата визија односно да го вратиме ГФК „Осогово“ каде му е местото. А нашата мисија е од стотината млади фудбалери да создадеме и изградиме првотимци на ГФК „Осогово“ кои ќе ги полнат трибините и ќе бидат пример и потстрек за помладите фудбалери! За нашиот клуб, за нашиот град“ изјави Тоде Митев, Ѓеф на Стручниот штаб на ГФК „Осогово“ во категоријата „помлади пионери“ и „пионери“.
Потег за почитување
С. Ивановски