Почитувани учесници во сообраќајот,
Ве известуваме дека од ден 05.09.2022 година заради градежни активности регионалниот пат Штип-Кочани после село Тркање ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен кон новоизградената девијација се до кружна раскрсница 1 пред Кочани и кружна раскрсница 2 кај хотел Национал.
Пристапот кон бензиската пумпа Еко-Оил и фирмата Амфенол ќе биде обезбеден наизменично по лева или десна коловозна лента.
Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.