All Posts By Славчо Ивановски

КЈП „ВОДОВОД“ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА:

Ја известуваме јавноста дека околу 19 часот вчера (недела) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е целата горна површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид на комунален отпад. Во текот на ноќта пожарот од површината на депонијата поради засилениот ветер се прошири и во подножјето на…

ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

По повод Светскиот ден на здравјето, денес во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани на свечен начин беа доделени благодарници и признанија на вработени кои заминале во тековната година во пензија, на општествено одговорните комапнии кои дале придонес во болница, како и на крводарители. „Доделувањето беше по повод 7-ми април Светски ден на…

ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЃОКО ВЕЛКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска беше во посета на Кочани каде оствари средба со пензионерите од општината. При посетата, министерот Велковски ја истакна потребата од зголемување на капацитетите на детските градинки насекаде во државата како и кадровската екипираност на установите. „Насекаде во државата кадешто одиме, утврдивме дека потребни се нови…

ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8 АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Кочани започна со одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите во соработка со ромски граѓански здруженија. Утрово на јарболите пред општинската зграда беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница. Одбележувањето на 8 Април ќе продолжи на 11 април со одржување на трибина под наслов „Ромите…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8. АПРИЛ

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани, Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Со својата традиција и културни специфики,…

„НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ“ – КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГФК „ОСОГОВО“

Екипата помали пионери на ГФК „Осогово“ доби нова опрема за натпреварување донација од осигурително-брокерското друштво „Наше осигурување“ од Кочани.   По тој повод З.Г. „НИКОЛА МАНТОВ“ од Кочани како иницијатор на донацијата упатува јавна благодарност до „Наше осигурување“ за континуираната поддршка што оваа компанија ја дава за ГФК „Осогово“ со особен аспект на неговите млади…

НА МИТИНГ ВО КОЧАНИ ПРЕТСТАВЕН КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА

Вечерва  во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани под мотото „Македонија повторно горда“ се одржа митинг на кој беше претставен претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. Пред присутните граѓани на Кочани најпрвин свое обраќање имаше членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки. Потоа се обрати претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ,…

СО ПОДИГНАТИ 215 КИЛОГРАМИ ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ СТИГНА ДО НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Онаму каде што застана на крајот на минатата година Лазар Захариев го продолжи денес и тоа во Шпанија во Барселона. Захариев во категоријата pawerlifting bench press Мастер категорија со подигнати 215 килограми го освои првото место и златниот медал се најде на неговите гради. Како што ни јавува набргу го очекуваат уште неколку вакви натпревари…

УМС ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ЈА ОДРЖА НАЈАВЕНАТА „ТРИБИНА ЗА МЛАДИ“

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ – Кочани денес во „Паркот на Револуцијата“ ја одржа најавената „Трибина за млади“ на која зедоа учество мартин Андоновски – генерален секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ како и пратениците Рашела Мизрахи, Миле Лефков и Драган Ковачки. На трибината беа претставени проекти кои ќе овозможат подобри услови за…

ДРАГАН КОВАЧКИ, ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО ДПМНЕ СО ПОРАКА ДО КОЧАНЧАНИ

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ денес во Кочани одржа прес конференција. Како што истакна во Општина Кочани новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ планира да инвестира четири милиони евра, средства  со кои ќе се збогати инфраструктурата во општината со изградба на нови градинки, улици а како што нагласи и ќе биде реконструирана…