ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД МАРИНА АРСОВА
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа изложба на цртежи од Марина Арсова. Марина Арсова, професорка по англиски јазик и книжевност, е уметница аматер, која истакнува дека цртањето, покрај создавање убави нешта, за неа претставува израз на најдлабоки емоции…
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АЗБУКА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“
Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска. Настанот го…
КАМПАЊА – 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Во рамките на кампањата 16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство, денеска, 9 декември 2025 г., со почеток од 13:30 ч., во ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи програма што опфаќа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките Наташа Георгиева и Мирјана Јовановска Стојановска и изложба на цртежи на тема…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЕСЕНСКАТА СЕЗОНА ВО ЗНАКОТ НА ТОШЕ МАНОВ
Минатиот викенд завршија натпреварите од есенската сезона во Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Победа“ од Валандово заслужено ја понесе титулата „Есенски шампион“, но кога е во прашање индивидуалноста сепак сезоната ја одбележа Тоше Манов кој ја понесе титулата „Голгетер на лигата“. Тоше Манов по десет години поминати во ФК „Осогово“ годинава тој и…
ЖЕНА ИЗМАМЕНА, ЗА ДА И ЈА ТРГНАТ МАГИЈАТА ДВЕ ЖЕНИ И ЗЕЛЕ ПАРИ И НАКИТ
На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари…
ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „АЛАДИН И ДЕДО МРАЗ“
Ве поканувамe на премиерата на Новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Петар Крстовски, Павел Стоименов, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Илина Дојчинов, Леона Крстова,…
МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО КОЧАНИ
Откажаниот па повторно закажаниот натпревар од 15-тото последно есенско коло „Осогово“ – „Новаци“ се покажа како психички тежок за играчите од двете страни кои во финишот од есенскиот дел на првенството покажаа доста добра форма. Денес по сончево време и двете екипи иако не постигнаа погодок сепак задоволни заминаа на зимската пауза. Осогово со 24…
ОПШТИНА КОЧАНИ СО НОВ ПРОЕКТ ОД ИПА – ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
Денеска во Општина Гоце Делчев, Бугарија, се одржа прес-конференција за проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и туризам близок до природата во Источен Плански Регион и Регион Благоевград“, на која учествуваше градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. Проектот е финансиран од Interreg ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Во рамките на овој проект Општина…
ЧЛЕНОВИ ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „БОРЕНКА“
Во организација на Сојузот на извидници на Македонија денес во Неготино по повод „5. Декември – Денот на волонтерите“ со засадување на дрвца се реализираше проектот „Боренка“. Во реализацијата на проектот „Боренка“ учество зедоа и 20 членови од Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани. Тие заедно со другите извидници од Македонија засадија дрвца во „Гоцева шума“…
ОТСТРАНЕТ ОТПАДОТ ПОД БУЛЕВАР „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Комуналните екипи на КЈП „Водовод“ спроведоа брза акција за отстранување на поголема количина отпад под потпорниот ѕид на булеварот „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Со навремената интервенција беше исчистен просторот кој често е изложен на несоодветно исфрлање смет. Покрај тоа, службите работеа и на уредување на влезниот дел од Градската капела, каде што…
