All Posts By Славчо Ивановски

ДАРИЈАН ПАВЛЕВ И ЈОВАН ИЛИЕВ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-15

Членовите на БК „Спартак“ од Кочани Даријан Павлев и Јован Илиев од денес се на подготовки со репрезентацијата на Македонија за претстојното Европско Првенство У-15. Подготовките започнаа днес во Штип и истите ќе траат до 13 Мај од каде Репрезентацијата ќе замине на Европското Првенство У-15 кое од 15-19 Мај ќе се одржи во Лутраки…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ГОЛЕМА И ВАЖНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“

Во натпревар од 28-то коло „Осогово“ го совлада „Скопје“ 2:1 (0:1) и стигна до голема и мошне значајна победа во зачувување на второлигашкиот статус. По облачно време проследено со ветар кој на моменти го менуваше правецот играчите од двете екипи одиграа машки натпревар во кој домаќините направија 2 во 1. Натпреварот започна со офанзива на…

НАЈНОВА ВЕСТ: ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ Е ПРОНАЈДЕНО И СПАСЕНО

Само што добивме пријатни вести, исчезнатото лице кое беше пријавено преку телефонскиот број 112 е пронајдено. Потрагата што беше организирана од страна на членови на ДПСС (Доброволната Планинска Спасителска Служба)  „Осогово“ – Кочани успешно е завршена Лицето е пронајдено околу 23:00 часот во близина на браната кај Зрновци. Изморено уплашено и мокро од дождот лежело…

СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА „ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ ОДРЖАА МИТИНГ ВО КОЧАНИ

Вечерва во Кочани СДСМ и коалицијата „За Европска Македонија“ го одржаа најавениот митинг. Пред кочанчани зборуваа Душанка Горгиева Трпевски – кандидат за пратеник од Изборна Единица 3,  Љупчо Николовски – коносител на Изборна Единица 3,  Сања Лукаревска – носител на Изборна Единица 3 и Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ кои во пресрет на двојните…

СЕ ТРАГА ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ ОД СЕЛО ГРДОВЦИ

Како што не информираат, во моментот екипа од  ДПСС (Доброволната Планинска Спасителска Служба)  „Осогово“ – Кочани е во потрага по изгубено лице од село Грдовци. По добиениот повик од бројот 112, дванаесет членови на спасителската служба излезени се на терен. Во исклучително тешки услови се трага по лице во атарот на Општина Зрновци, а дополнителен…

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРАГАН КОВАЧКИ НОСИТЕЛ НА ПРАТЕНИЧКА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ИЕ 3

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3, Драган Ковачки денес одржа прес-конференција на која ги истакна планираните вложувања во Општина Кочани по формирањето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ . На крајот ги повика кочанчани на 8 Мај масовно да излезат на гласање С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ …

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ВО ПОТРАГА ПО СПАСОНОСНИТЕ БОДОВИ

Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од 28-то коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ го пречекува стариот должник, кочанчани ќе му бидат домаќини на „Скопјје“, екипа со која секогаш тешко излегува на крај. Но за „жетварите“ единствена опција се трите бода па затоа љубителите на фудбалот во Кочани очекуваат голема борба за секоја топка и…

СООПШТЕНИЕ ОД ФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ

Почитувани, ГФК Осогово собраните средства од хуманитарниот натпревар против тимот на Караорман во износ од 15.000 денари ги уплати на сметка за лекување на Оливер Мирозов на кого му се потребни средства за терапии и медицински третмани за подобрување на комунукативноста. Осогово како спортски клуб многупати организира вакви хуманитарни натпревари .Овој викенд нашата екипа е…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НСДП И КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ВО ИЕ 3 ГОРАН МИСОВСКИ ПОМЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ГОРНИ ПОДЛОГ И МОЈАНЦИ

Претседателот на НСДП и кандидат за пратеник во изборната единица 3 Горан Мисовски помеѓу жителите на Горни Подлог и Мојанци. Тој ја презентираше програмата на коалицијата за европска иднина и посебно го потенцираше делот за земјоделците.   Во следните 4 години ќе има вложување на една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции…

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПС КОЧАНИ

Вчера (01.05.) во околината на излетничките места на Пониква, кај селата Бели, Пантелеј, Нивичани и кај брана Градче, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани спроведоа превентивна активност под мотото – „Не уништувајте ја природата“. При спроведувањето на превентивната активност остварен е непосреден контакт со граѓаните кои во пресрет на празникот на трудот 1-ви Мај…