All Posts By Славчо Ивановски

ОТВОРЕН УЧИЛИШЕН КЛУБ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ РОМИ ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

Денеска во СОУ „Гошо Викентиев“ отворен e училишен клуб за поддршка на учениците Роми од средното училиште. За реализација на овој проект обезбедена е училница и компјутерска опрема, со цел полесно совладување на наставниот материјал и полесно извршување на училишните задачи. Проектот исто така има за цел поголема вклученост на учениците Роми во дуалните паралелки…

ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

Денес во ООУ „Никола Карев“ во Кочани, Директорот на училиштето Александар Андов им додели паќетчиња на учениците од одделенска настав, донација од компаниите „Рики Јуниор“ и „Европа ’92“. „На нашите ученици од одделенска настава доделивме новогодишни пакетчиња. Голема благодарност до општествено одговорната компанија ,,Европа 92″ и ,,Рики Јуниор”, за донацијата и затоа што ги направија…

ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПРЕД СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

На 23. седница на Советот на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов имаше годишно обраќање во кое говореше за амбиентот за работа во 2022 година, за условите и поддршката од граѓаните и од членовите на Советот. „Ви благодарам за донесувањето на Буџетот за 2023 година и ве повикувам во претстојната година сите заеднички да се посветиме…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 23. СЕДНИЦА – ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА

Советот на Општина Кочани ја одржа последната седница за оваа календарска година. Со 12 гласа „за“ и еден „воздржан“, на 23. седница беше донесен Буџетот на Општина Кочани. Наредната година вкупниот буџет е проектиран на 707.265.000 денари, а основниот буџет е 271.121.000 денари. Капиталните расходи по програми се планирани со 43,63 %, а тековно-оперативните расходи…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ОМУ „РИСТО ЈУРУЈКОВ“ НА ОТВОРЕНО

Во склоп на овогодинешната новогодишна музичка програма во Градскиот парк, традиционалниот Новогодишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во деновите: 27.12.2022 – 15 часот (денеска) 28.12.2022 – 12 часот 29.12.2022 – 17 часот

КОНЦЕРТИ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ

За време на викендот (Сабота и Недела),ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.одржа два концерти, Саота во Зрновци и Недела традиционалниот 21. во Оризари. „Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари поточно играорнитге групи од Оризари иЗрновци викендов одражa Новогодишни концерти. Во саботата концерт со играорната група во Зрновци се одржа во Домот на културата во Зрновци, а…

ДЕЛНИЦАТА КРУПИШТЕ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ, ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

По седум години градежни активности денес и официјално беше пуштена во употреба  делницата од Експресниот пат Крупиште – Кочани. Делницата во употреба ја пушти Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски а на церемонијата освен поканетите гости присуствуваа и Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми – Директор на…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕШКА КРАЖБА НА ДРЗОК НАЧИН

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници…

БЛЕСНА НОВОГОДИШНИОТ СЈАЈ ВО КОЧАНСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава. Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД НАСЕЛБА ОРИЗАРИ

Утре (Недела) со почеток во 17:00 часот во Домот на култура Оризари, Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе одржи Новогодишен концерт. По завршувањето на концертот следува традиционалната богата Новогодишна лотарија. Сите заинтересирани што ќе изразат желба да учествуваат во Новогодишната лотарија ќе можат тоа да го остварат со купениот талон кој чини 50,00 денари.