All Posts By Славчо Ивановски

КЈП „ВОДОВОД“ – ПОЛНЕЊЕ СО ПОЧВА НА НОВО ПОСТАВЕНИТЕ БЕТОНСКИ ЖАРДИНЈЕРИ

КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево…

ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 8 . АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се…

СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА ОООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Со положување на свежо цвеќе пред бистата на Малина Попиванова започна чествувањето на патрониот празник на истоименото основно училиште во Кочани. Чествувањето започна со интонирањето на химната на Република Македонија, а потоа свежо цвеќе на бистата на хероината положија делегации, од училиштето, од Локалната самоуправа и од Здружението на борците од НОВ. Во салата на…

КЈП „ВОДОВОД“ – ДИСЛОКАЦИЈА НА ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД

Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности, вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната  мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот цевковод со дијаметар од 250 mm. Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе…

ДОДЕЛЕНИ СПОРТСКИТЕ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Кошаркарот на „Баскет Дино“ Дино Лазарев и каратистиката на КК „Партизан“ Мартина Шахинова се стипендисти на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа минатата година. Дино Лазарев, кој е активен спортист во кошарката веќе 10 години, е член на Младинската  кошаркарска репрезентација со која  во 2022 година учествуваше на Европското првенство на М16, и…

МЛАДИТЕ „ЖЕТВАРИ“ ПАДНАА ПО УДАРИТЕ ОД БЕЛАТА ТОЧКА

По мошне студено време за игра и пред околу 300 гледачи денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“  се одигра 1/4 финалниот натпревар од Купот на Македонија за генерација У-19 „Осогово“ – „Македонија Ѓорче Петров“. Факт е дека  во моментот „Осогово“ има генерација која е иднината на клубот и затоа надежите дека можеби ќе се…

УЧЕНИЦИ ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ВО ПОСЕТА НА ТППЕ – КОЧАНИ И ДПД – КОЧАНИ

Убав едукативен ден за учениците од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани при посетата на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и  Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани. При посетата учениците имаа предавање и запознавање со противпожарната опрема, противпожарните апарати, како и со противпожарните возила, нивната цел и намена. Беа запознаени за примањето на дојава за избувнат пожар…

МВР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во наводна соработка со Европол, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела,…

ВЛАДИМИР ГРЧЕВ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА И ПРОГРАМИРАЊЕ

Владимир Грчев, ученик од 7-2 одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на проф. Наде Давиткова го освои првото место на „Државниот натпревар по информатика и програмирање С++“ што се одржа во просториите на ФИНКИ во Скопје. Инаку оваа титула Грчев ја освои и минатата година и ја претставуваше Македонија на Меѓународниот натпревар…

ИСЕЧЕНА ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА ДЕЛНИЦА НА КОЈА СЕ ВОЗИ И ПРЕКУ 100 КМ/ЧАС

Како што ни јавува наш читател заштитната ограда кај „Маџарски ниви“ била исечена а при тоа и рабник (ивичњак) е отстранет. Претпоставката на нашиот читател е дека некој си отвори простор за полесно да стигнува до целта, па ги замолува надлежните да интервенираат и да ја санираат штетата бидејќи како што спомнува на тој дел…