All Posts By Славчо Ивановски

СОБРАНИОТ СМЕТ ГО ФРЛААТ ВО ШАХТИТЕ

Сопствениците на дуќаните кои се во приземјето на блок „Б“ во Градскиот Трговски Центар и секогаш се на удар на поплави по поројните дождови, ни испратија неколку фотографии и допис со молба истиот да го објавиме. „Еве ви неколку фотографии од пред нашите дуќани. Секое утро точно е дека се мети но ѓубрето наместо да…

„ОСОГОВО“ ДОМАЌИН НА „КАМЕНИЦА САСА“

ГФК „Осогово“ продолжува со одигрувањето на подготвителни натпревари во пресрет на претстојното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток. Денес (Сабота) со почеток во 17:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Каменица Саса“ која следниот викенд ги започнува натпреварите во Втората Фудбалска Лига. С. Ивановски

ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КЛУЧКАТА ЗА СЕЛО СПАНЧЕВО ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ

На 11.08.2022 во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани. По несреќата возачот на моторциклот…

РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК „МЛАДОСТ“ ОД ОРИЗАРИ

Утре (Сабота) со почеток во 17:30 часот на теренот покрај Масалница ќе се одигра традиционалниот ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК „Младост“ од Оризари. Организаторот на натпреварот упатува покана до сите заинтересирани кои со своите настапи во „Младост“ оставиле траен белег и допринеле за развојот на фудбалот во Оризари. По завршувањето на натпреварот продолжува…

ПОЧЕТОКОТ НА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК ЗАКАЖАН ЗА 4. СЕПТЕМВРИ

Во организација на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани во Хотел „Изгрев“ во Штип се  одржа средба со претставниците на екипите кои ќе се натпреваруваат во годинешното првенство на Трета Фудбалска Лига – Исток. На средбата присуствуваа претставници од 12 клубови кои се договорија новото првенство да стартува на 4. Септември. Котизацијата ќе изнесува 110.000,00 денари…

ЗАПОЧНА АНГАЖИРАЊЕТО НА 20 ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНИ РАБОТИ ПО МЕРКА 6

Вчера започна извршувањето на работните активности во склоп на прокетот Јавни работи, мерка 6. Во прокетот се вклучени 20 невработени лица, жители на Општина Кочани, коишто работно ќе бидат ангажирани 4 часа дневно, со времетраење од 22 работни дена.ж Проектот има за цел вклучување на невработени лица во проекти од инфраструктурата и заштита на животната…

ОТСТРАНЕТ ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ КАБЕЛ

Неполни 24 часа по нашата објава дека кабел има надвиснато кај платото на блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар веднаш реагираа од Локалната самоуправа и истиот денес беше отстранет. Уште во текот на вчерашниот ден кога беше поставена објавата на нашиот портал од Локалната самоуправа контактирале со оние кои имаат и кои имале кабелски телевизии…

ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“ НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Во рамките на подготовките пред стартот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Осогово“ го одигра првиот контролен натпревар. Кочанчани гостуваа на екипата на „Марена“ и со головите н Тоше Манов (2), Јован Дојчинов (1), Драган Цветанов (1) и 1 автогол  славеа со убедливи 5:0 (3:0). За „жетварите“ настапија: Горгиевски, Цветанов, Јорданов,…

ЖФК „КОЧАНИ“ – ПОДГОТОВКИ НА ПОНИКВА

Повратникот во Првата Фудбалска Лига за жени, некогашниот Шампион и освојувач на Купот на Македонија ЖФК „Кочани“ со големи амбиции го чека стартот на новото првенство. Дека ништо не е оставено на случајност потврдува податокот што девојчињата од 08-13 Август ги одработуваат висинските подготовки на „Пониква“. „Ги имаме сите услови да ги одработиме безпрекорно овие…

ПРВОТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ОДЛОЖЕНО

Комисијата за натпреварување при Фудбалската Федерација на Македонија денес ги одложи натпреварите од првото коло во Втората Фудбалска Лига чиј старт беше закажан за во Сабота (13 Август) со почеток во 17:00 часот. Причините зошто е одложено првото коло не се наведени, но се дознава дека тие се од бизерен карактер, имено до предвидениот рок…