ВО СЕМЕЕН ДОМ ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ, ЗАБЕЛЕЖАНИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО ПО ТЕЛОТО
На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од Кочани. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74). Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на…
ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТУРАТА И ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА
Деновиве започнаа работите од проектот за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, којшто Општина Кочани го реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Во тек е отстранување на мермерните облоги од амфитеатралниот дел на северната…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ НА ГОСТИ КАЈ „СКОПЈЕ“
По една седмица пауза поради обврските на Македонската Фудбалска Репрезентација веќе во сабота продолжуваат натпреварите од Втората Фудбалска Лига. На програмата е 13-тото коло во кое „Осогово“ гостува во Скопје кај истоимениот клуб. Последен пат овие две екипи се имаат сретнато во сезоната 2011/2012 година во борбата за второлигашки бодови. Во Кочани и во Скопје…
ОБНОВУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО НА ДУПЛИОТ МОСТ
Вработените во Сектор градско зеленило денеска со зимзелени садници го обновија зеленилото на разделниот простор помеѓу сообраќајните ленти на дуплиот мост на улица „Стево Теодосиев”. КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за одговорно користење на урбаната опрема! КЈП „Водовод“ – Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
„ИНТ ТРЕЈД ДООЕЛ“ ОД КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ДВА ЛАПТОПИ НА „БИСТРИ УМОВИ“
„ИНТ Трејд Дооел“ од Кочани донираше 2 лаптопи на „Бистри Умови“ кои ќе бидат наменети за учениците (натпреварувачи) кои се во Македонскиот тим на Балканска Јуниорска Олимпијада по Информатика, за која оваа година домаќин е нашата Држава. Олимпијадата почнува овој викенд и ќе се одржува во Хотел „Сириус“ во Струмица , каде што во организацијата…
СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТОТ ЕМИЛ РИБАРСКИ
Во организација на ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, утре (Петок) со почеток во 19:00 часот во салата на „Мулти Културниот Центар“ во Кочани солистички концерт ќе одржи пијанистот Емил Рибарски. На програмата ќе бидат дела од Шопен и Лист. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
КАМПАЊАТА НА СДСМ ЗА БЕСПЛАТНИ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ГРАЃАНИТЕ, УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА
Како дел од вечерашната едукативна трибина во Кочани која ја организира СДСМ под наслов „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје“ денес во „Паркот на Револуцијата’ во Кочани беа организирани бесплатни прегледи на граѓаните. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот голем број граѓани на Кочани го посетија пунктот каде освен бесплатни…
НАЦИОНАЛНАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ЖЕНА ПРЕТПРИЕМАЧ НА МИКРОКОМПАНИИ ЈА ДОБИ БРАНКА НАСТЕВСКА ОД КОЧАНИ
Во организација на Здружението на бизнис-жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, во Скопје се одржува Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво. На самитот на тема „Жените во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“, во соработка со Министерството за економија и…
ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА ВО КАЧЕРЕВО (СРБИЈА) ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО „АФОРИСТИЧАР СО НЈКВАЛИТЕТНИ АФОРИЗМИ“
Изминатиот Петок (17.11.2023 година) во Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево (Република Србија) се одржа 11-тиот Меѓународен фестивал за хумор и сатира „Жаока“, на кој како претставник од Македонија учествуваше нашата роднокрајна авторка и познат афористичар Ленче Стоименова. Покрај Ленче Стоименова како претставник на Македонија на фестивалот присуствуваа и претставници од БИХ, Србија. Темата на…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ПРАШАЊА
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари средба со претставници на Националниот демократски институт за меѓународни прашања – NDI – Северна Македонија, на која се разговараше за субнационалната програма на NDI за зајакнување на соработката меѓу локалните избрани лидери. На средбата беше истакнато значењето на одговорноста пред граѓаните во субнационалното управување, a со претставниците на…
