All Posts By Славчо Ивановски

ОТСТРАНЕТ ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ КАБЕЛ

Неполни 24 часа по нашата објава дека кабел има надвиснато кај платото на блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар веднаш реагираа од Локалната самоуправа и истиот денес беше отстранет. Уште во текот на вчерашниот ден кога беше поставена објавата на нашиот портал од Локалната самоуправа контактирале со оние кои имаат и кои имале кабелски телевизии…

ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“ НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Во рамките на подготовките пред стартот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Осогово“ го одигра првиот контролен натпревар. Кочанчани гостуваа на екипата на „Марена“ и со головите н Тоше Манов (2), Јован Дојчинов (1), Драган Цветанов (1) и 1 автогол  славеа со убедливи 5:0 (3:0). За „жетварите“ настапија: Горгиевски, Цветанов, Јорданов,…

ЖФК „КОЧАНИ“ – ПОДГОТОВКИ НА ПОНИКВА

Повратникот во Првата Фудбалска Лига за жени, некогашниот Шампион и освојувач на Купот на Македонија ЖФК „Кочани“ со големи амбиции го чека стартот на новото првенство. Дека ништо не е оставено на случајност потврдува податокот што девојчињата од 08-13 Август ги одработуваат висинските подготовки на „Пониква“. „Ги имаме сите услови да ги одработиме безпрекорно овие…

ПРВОТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ОДЛОЖЕНО

Комисијата за натпреварување при Фудбалската Федерација на Македонија денес ги одложи натпреварите од првото коло во Втората Фудбалска Лига чиј старт беше закажан за во Сабота (13 Август) со почеток во 17:00 часот. Причините зошто е одложено првото коло не се наведени, но се дознава дека тие се од бизерен карактер, имено до предвидениот рок…

УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕИЗМЕТЕНА!

Полека но сигурно улицата „Раде Кратовче“ станува тема број еден во општината. Ако за поставување на нов асфалтен слој беше потребно да помине година дена сега ќе треба жителите од оваа доста фреквентна улица да чекаат месеци за да новиот раководен тим што е поставен во КЈП „Водовод“ – Кочани за одржување на хигиената на…

ВО САБОТА 13. ИЗДАНИЕ, РЕПУБЛИЧКИ СОБИР НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Во организација на Здружението на Пензионери на Општина Кочани, во Сабота на падините на Осоговските планини, поточно во Планинарскиот туристички спортски центар „Пониква“ ќе се одржи 13. издание, „Републички Собир на пензионерите од Македонија“. Почетокот на манифестацијата е закажан за во 11:00 часот кога на присутните ќе им се најпрвин обрати домаќинот, односно претставник на…

ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е КАБЕЛОТ?

Подолго време во еден од најфреквентните места во градот стои речиси паднат кабел кој особено во ноќните часови е проблем за минувачите. Иако надлежните се информирани сепак никој уште не дошол и местото не го направил безбедно. Од сопствениците на дуќаните дознаваме дека тие неколкупати досега се обиделе да го подигнат за да не смета…

СТОТИНА ПРИЈАВИ ЗА ШТЕТА ОД НЕВРЕМЕТО ВО КОЧАНИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ДО ОПШТИНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПРОЦЕНКА

Над сто пријави до Општинската комисија за проценка на штета од елементарни непогоди поднеле граѓаните на Кочани за утврдување материјални штети во простории за домување и во комерцијални објекти, предизвикани од поплавата при неодамнешното невреме. По истекот на рокот за пријавување што траеше до почетокот на минатата недела, во Комисијата се евидентираат сите добиени барања,…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ПОЧИНА 51 ГОДИШЕН КОЧАНЧАНЕЦ

На 07.08.2022 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Берово-Виница, кај „Пекланска крстосница“, патничко возило „опел“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.М.(51) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и на 08.08.2022 околу 03.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите….

ПРИВЕДЕНИ ДИЛЕРИ ВО ОБИД ДА ПРОДАДАТ ХЕРОИН ВО КОЧАНИ

На 06.08.2022 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода И.А.(60) и Х.Ш.(62), двајцата од Скопје затоа што биле затекнати при обид да продадат хероин на две лица од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР