All Posts By Славчо Ивановски

СПРОВЕДЕНА ЕКО-АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Денеска беше спроведена еко-акција за расчистување на сметот на три локации во градот. Во денешната еко-акција учествуваа вработени од општинската администрација, градоначалникот на Општина Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, a поддршка на акцијата со работна екипа и механизација даде Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. Расчистувањето се вршеше на локциите Асном, Калиманова глава и кај Градскиот…

КОНФИСКУВАН ИМОТОТ НА ОК ВМРО – ДПМНЕ – КОЧАНИ

Почитувани, Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните. Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски,…

ФК „КАМЕНИЦА САСА“ И ТРЕНЕРОТ КРСТЕ КРСТЕВ СЕ РАЗДЕЛИЈА

Второлигашот од Македонска Каменица „Каменица Саса“ и досегашниот Шеф на стручниот штаб Крсте Крстев се разделија. „Со новиот Управен одбор на фудбалскиот клуб Каменица Саса не се договоривме за понатамошна соработка што не е ништо ново во фудбалот. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“ ни изјави Крстев во телефонскиот разговор. Инаку Крсте Крстев…

И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ ИДЕЈАТА РЕКА БРЕГАЛНИЦА ДА СТАНА ПЛОВНА НЕ Е РЕАЛИЗИРАНА

И после повеќе од десет години една интересна идеја од големо значење за овој регион не е реализираna. Имено реката Брегалница уште не стана пловна река, туку напротив можеби е сега на одредени терени и во полоша состојба отколку пред повеќе од десет години. Пред повеќе од десет години единаесетте градоначалници од Источниот плански регион…

СО ЗАКАНА ОД ВРАБОТЕН НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ОДЗЕЛ ПАРИ

На 12.06.2022 во 03.32 часот било пријавено дека во Кочани едно лице со закана од вработен на бензиска пумпа одзелo пари. Се работи на расчистување на случајот. ИЗВОР:  Дневни билтени од МВР

ЌЕ ГИ ПОПРАВИ ЛИ НЕКОЈ РЕШЕТКИТЕ ИЛИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА СИ ГИ ОШТЕТУВАМЕ ВОЗИЛАТА?

Оштетени и искршени решетки за одвод е секојдневната слика на улицата „14 Бригада“ во Кочани. „Ќе ги поправи ли некој решетките или да продолжиме да си ги оштетуваме возилата?“ е прашењето кое жителите од улицата преку фотографиите што ни ги испратија ги прашуваат надлежните во општината. Самите фотографии покажуваат оштетеност на одводните решетки кои како…

ВТОРО МЕСТО ЗА ИВАН ЈАНЕВ НА „МАКЕДОНСКИ БИСЕР 2022“

На Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер 2022“ што се одржа во Радовиш, Иван Јанев го освои второто место. Ако се знае дека изминатите месеци Иван Јанев го мачеше повредата со менискусот тогаш овој успех добива на тежина. „Задоволен сум од пласманот со оглед што изминатите четири месеци паузирав поради скинат менискус. Се надевам дека…

ОГРАБЕН МАЛОЛЕТНИК ВО КОЧАНИ

На 10.06.2022 во 16.00 часот во Полициска станица Кочани, Б.К.(37) од Кочани пријавила дека на 07.06.2022 околу 23.45 часот на градскиот плоштад во Кочани едно лице одзело пари од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

СО УПОТРЕБА НА СИЛА ОДЗЕЛЕ ПРЕМЕТИ ОД ДВОРОТ НА КОЧАНЧАНЕЦ

На 10.06.2022 во 16.38 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 16.20 часот во Кочани, неколку лица со употреба на сила од Л.П. одзеле предмети во неговото дворно место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

КОЧАНЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ЛИЦА ВРАБОТЕНИ ВО КАЗИНО

На 10.06.2022 во 06.40 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека во казино во Кочани, П.П. од Кочани физички ги нападнал вработените Х.М.(21) и Т.В.(59), двајцата од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билетени од МВР