ВО НЕДЕЛА ФИДЕР НАТПРЕВАР НА „БРАНА ГРАДЧЕ“
Во организација на СРЗЕК „Кочански рибар“ на 05. Јуни (Недела) на „Брана Градче“ ќе се одржи „Фидер натпревар“. Според пропозициите во времетраење од 6 часа ќе се лови: – со две фидер трски со по една јадица или со една трска со две јадици. – може да се лови и фидер метод,и со хранилица корпа…
НА 2 ЈУНИ – ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО „СЕДУМТЕ“ ОД ИЛИНА АРСОВА
В четврток, на 2 јуни, во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ ќе биде промовирано делото „Седумте“ од алпинистката, амбасадорка на родовата еднаквост во спортот, екологистка и ликовна уметница Илина Арсова. Настанот, кој го организираат Општина Кочани и Библиотеката „Искра“, има три содржини. Во 11 ч., во дворот на Библиотеката, претставници на кочанските планинарски друштва „Москито“…
НА 3 ЈУНИ ВО КОЧАНИ – ПРВО АВИОТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
В петок, на 3 јуни, од 5 до 8 часот наутро, екипа на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведе првата фаза од авиотретирањето против комарци. Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани. За третманите против комарците ќе се користат…
ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА ШАМПИОНОТ СЕ ВРАТИ ВО ЕЛИТАТА
По една година пауза некогашниот шампион и двоен освојувач на женскиот фудбалски куп на Македонија, ЖФК „Кочани“ повторно се врати во прволигашкото друштво. Настапот во второлигашкото друштво траеше само една сезона, но благодарение на одличната систематска работа на тренерот Оливер Јовановски, Кочани од наредното првенство ќе има уште еден прволигаш. „Испаѓањето од Првата женска фудбалска…
АПЕЛ: ИСЧИСТЕТЕ ЈА РЕКАТА И СПАСЕТЕ НЕ ОД ЗМИИТЕ
Речното корито обраснато со висока трева, кејот на реката од двете страни исто така со висока трева а жителите што живеат на потегот од „Железнички мост“ кон базенот живеат во страв од наездата на змиите кои влегуваат во нивните дворови па и домови. „И ние сме дел од жителите кои редовно си ги плаќаат давачките…
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ
Во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска во Општина Кочани се одржа заедничка средба на која се спроведе анализа на капацитетот на самоодржливост на Општината. При анализата се користеше алатка за самооценување на капацитетите на општинската администрација за управување со планирање и прибирање на општински извори на…
ЗЕМЈОДЕЛКИ ОД СЛОВЕНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОРИЗАРИ
Во рамките на повеќедневниот престој во Македонија, педесет и пет земјоделки, членки на Федерацијата на жени фармери од Република Словенија, денеска остварија средба со жителки од Оризари. На средбата се разговараше за предизвиците во земјоделството и можностите за размена на искуства, а Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ подготви презентација на традиционална храна. Гостите од Словенија ги…
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 12 РЕДОВНА СЕДНИЦА
Советот на Општина Кочани ја одржа дванаесеттата редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 17 точки. Членовите на Советот донесоа одлуки за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, јавните службеници кои вршат административни работи и на директорот и на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани, го усвоија…
ОДРЖАНО 47 ИЗДАНИЕ НА ДПФ „МАЈСКИ ЦВЕТ 2022“
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 47 издание на Детскиот Поетски Фестивал „Мајски цвет 2022“. На оваа литературна манифестација, право на учество имаа учениците од основните училишта во Македонија, од VI до IX одделение. Темите на творбите за Фестивалот беа слободни. Секое училиште, литературен клуб или библиотека, на конкурсот за фестивалот…
АЈДЕ НОЌНИ ПТИЦИ, ВИ ОСТАНА УШТЕ САМО ЕДНА КОРПА ЗА ОТПАДОК
По синоќешното најново изживуваме еве шанса да ги информираме големите „херои“ дека не успеале во се, остана уште една корпа за отпадоци. Имено утринава на потегот на новата патека од последниот мост до Бавчалук е забележано ново лудување во ноќните часови. Три корпи за отпадоци се извадени од нивните лежишта и се фрлени во коритото…