ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ЌЕ ВРШИ УПИСИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023
Од Понеделник (16.05.2022 година) па се до 08.Јуни 2022 година ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ќе врши уписи на ученици за претстојната 2022/2023 година, за: Прво одделение – Пијано и Виолина – деветгодишно образование; Четврто одделение – Хармоника, Флејта, Гитара, Традициски – шестгодишно образование. Контакт: ristojurukov@gmail.com 070-346-141 и 033-273-207
СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“
Денеска започна асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 250м и ширина 4м и дел од улицата „Плачковица“ во должина од 90м и ширина 6м. На улицата „Гошо Викентиев“ претходно Општина Кочани изгради атмосферска канализација со сливни решетки и постави нова водоводна линија со приклучоци за објектите. Во тековните подготвителни активности пред асфалтирањето беше…
ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во текот на вчерашниот ден, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани, меѓу кои високи претставници на SDC и SECO во Берн, потоа Françoise Salamé, проектниот менаџер за Северна Македонија во SECO, Cliff Hammer, регионалниот советник и Станислава Додева, национален програмски советник во Швајцарската канцеларија за соработка. Најпрвин беше остварена посета на Пречистителната…
ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ЗА ЧИСТ ВОЗДХ ВО КОЧАНИ“ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ членови на Граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ се собраа денес пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина за да го искажат незадоволството на кочанчани поради континуираното загадување на воздухот од страна на „Пајпер мил“. Компанијата „Пајпер мил“ кои кочанчани оправдано ја прекрстија во „Пајпер кил“…
ДАЛИ НОЌТА МИСТЕРИОЗНО ИЗЧЕЗНАЛЕ ЧЕТИРИ ПАЛЕТИ БЕКАТОН ПЛОЧИ?
Како што ни јавуваат жители од улицата „Раде Кратовче“ од Кочани, ноќта во вторникот спрема средата на улицата во непосредна близина на училиштето „Раде Кратовче“ мистериозно исчезнале ни помалку ни повеќе туку четири палети бекатон плочи. Ако се знае дека во една палета има 200 плочи тогаш малку е чудно како можеле да бидат извадени…
ИЗВЕСТУВАЊЕ – ВО ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ
Од четврток, 12 мај 2022 година, почнува асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ во Кочани. Се повикуваат учесниците во сообраќајот на зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација. Општина Кочани
ТОЧЕЛЕ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА И ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член…
ТРИ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, НА МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ МУ ОВОЗНОЖИЛЕ УПОТРЕБА НА МАРИХУАНА
На 10.05.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Љ.Л.(38), С.С.(20) и С.Т.(22), тројцата од с.Зрновци, општина Зрновци, бидејќи околу 18.00 часот во патничко возило во близина на с.Видовиште, општина Зрновци и овозможиле на 17-годишна малолетничка употреба на марихуана. Полициски службеници ја пронашле и одзеле марихуаната, а по комплетирање на случајот против…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ – ОПШТИНА КОЧАНИ И ИО „ЛАСТОВИЦА“ ОРГАНИЗИРААТ ПРОШЕТКА ДО „ГОЦЕВА ШУМА“
В сабота, на 14 мај, Општина Кочани во соработка со Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани организира настан за промоција на здрав живот, под мотото Пешачењето е здравје. Рекреативната прошетка ќе се реализира на релацијата од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, при што ќе се користи земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска…
ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ СО ГОЛЕМ БРОЈ НАГРАДИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ
На третиот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ Штип, успеси на нашите ученици со нивните ментори: Луна Милосова – IX oдд. – I награда, Јана Филипова – VII oдд. – I награда, Миа Михаилов – VII oдд. – I награда, Теодора Захариева – III oдд. – I награда, Надица Апостолова – IV oдд. –…