САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА АКАДЕМСКАТА УМЕТНИЦА АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА
Денес во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница беше отворена изложбата „Нова димензија во создавање 1“ од академската уметница Александра Димитрова од Кочани. Најновиот ликовен циклус на академската уметница Александра Димитрова, работен во периодот на 2021 година под наслов „Нова димензија во создавање 1“, претставува продолжеток на еден творечки концепт кој уште од 2018…
ГРАЃАНИТЕ СО СВОИ ПРЕДЛОЗИ И ИДЕИ ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА
Во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Општина Кочани организираше јавна расправа по нацрт-буџетот за 2022 година. Во присуство на граѓани, претставници на здруженија, клубови и институции, општинските служби ги презентираа буџетските проекции преку повеќе програми. Интересот на граѓаните беше насочен кон прашања од различни области што се во надлежност на локалната самоуправа:…
АПЕЛ: СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДУЌАНИТЕ ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ СНЕГОТ ПРЕД ОБЈЕКТИ
И покрај снегот кој вчеравечер го зафати кочанскиот регион и непрекинато вее, главните сообраќајници во градот се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Од КЈП „Водовод“ – Кочани известуваат дека будно ја следат ситуацијата со временската прогноза и имаат постојани дежурни и активни екипи. За расчистување на патиштата при вакви зимски услови располагаат со соодветна…
ЏУДИСТИТЕ НА „ИПОН“ ОД СКОПЈЕ ШАМПИОНИ ВО ЕКИПНА КОНКУРЕНЦИЈА
Во организација на Џудо Клуб „Гладијатор“ и Џудо Федерацијата на Македонија денес во Кочани се одржа Државното екипно првенство во џудо микс. Поради состојбата со Ковид 19 на првенството учествуваа само четири екипи со педесетина натпреварувачи. По доста интересни борби Државен шампион во екипна конкуренција микс станаа членовите на Џудо Клубот „Ипон“ од Скопје, пред…
МАШИНИТЕ ЗАМИНАА, ШТЕТАТА НАПРАВЕНА, КОЈ ЌЕ ЈА НАДОМЕСТИ?
При повлекувањето на машините од коритото на „Кочанска река“ кои изминатите месеци работеа на проектот „Регулација на коритото на дел од „Кочанска река“ направена е штета како на потпорниот ѕид, на патеката за пешачење но и на патеката која од главниот пат води до СРЦ „Бавчалук“. Тешката механизација оштети дел од патеката и штетата е…
СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ИЗБРАНО ДА УЧЕСТВУВА ВО „YOUR EUROPE, YOUR SAY“
Само 33 училишта од 33 држави од Европа се избрани да учесвуваат на тема: Твојата Европа, твојот збор 2022 година – „Вистината за лагите. Младите предизвикуваат дезинформации“, настан и активности што ќе го одржи Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) во периодот 31 март – 01 април 2022 година. Од Македонија, тоа е СОУ „Љупчо…
УСПЕШЕН НАСТАП НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
На 22 Мај, 2021 година се одржа прелиминарниот круг од Деветтиот Меѓународен Вилкомен Натпревар за Странски Јазици во организација на германско-австрискиот културен едукативен центар „Вилкомен“ кој организира натпревар по англиски, француски и германски јазик со цел популаризирање на изучувањето на странски јазици. На овој натпревар учество земаа и ученици од СОУ„Љупчо Сантов“. Никола Малешевски и…
ЈАКНЕЊЕ НА СВЕСТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
Во рамките на активностите за борба против родово базираното насилство, денеска со собир во Градскиот парк, Општина Кочани ја поддржа кампањата што се реализира по иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија. Вработени во Општина Кочани во соработка со претставници на граѓански здруженија поделија летоци со информативна и едукативна содржина против насилството,…
ПОБЕДА И ПОРАЗ ЗА ПИНГПОНГАРИТЕ НА КОЧАНИ
Со победа и пораз пингпонгарите на „Кочани“ го завршија есенскиот дел од првенството во Прва Пингпонгарска Лига. Кочанчани најпрвин ја совладаа екипата на „Дебар маало“ (Скопје) со 4:0 а потоа загубија од „Зегин“ (Берово) со 1:4 и го завршија првиот дел од првенството на петтото што е добар усепх во конкуренција на десет екипи. Есенски…
УШТЕ НЕМАМЕ НАВИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ
Вработени од „Комунална хигиена, одделение за собирање, транспортирање и депонирање на отпад“ при КЈП „Водовод“ – Кочани, која го собира сметот во градот и денес како и претходните денови наидоа на смет кој е ставен околу единствениот надземен контејнер иако на неколку метри од нив веќе се поставени подземните контејнери. Од КЈП „Водовод“ ни појаснуваат…