All Posts By Славчо Ивановски

СЕ ЗАПАЛИ ПАРКИРАНО ВОЗИЛО ПРЕД „УНИ БАНКА“ ВО КОЧАНИ

Денес околу 11:30 часот на паркинг просторот пред „Уни Банка“ во Кочани избувна пожар. Опожарено е патничко моторно возило „Паежо 307“ со кочански регистарски таблички. Територијалната противпожарна единица од Кочани интервенирала со едно возило и тројца пожарникари, пожарот е изгаснат. Засега нема подетални информации колкава е штетата и која е причината за пожарот. С. Ивановски

ПСК „ОСОГОВО“ ГИ ПРОГЛАСИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2021 ГОДИНА

Изминатата сабота ПСК „Осогово“ од Кочани го одржа своето Годишно Собрание на кое беа анализирани постигнатите резултати во 2021 година а воедно беа прогласени и најуспешните во истата година. Спасо Георгиев, Стојанче Јефремов, Николчо Георгиев, Зоран Николов како најактивни членови во 2021 година го добија признанието  „благодарница“, додека за посебен придонес и развој на клубот…

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“

Извидничкиот одред „ЛАСТОВИЦА“ од Кочани зеде учество во Форум за ровери кој се оддржа во Сутоморе, Црна Гора во организација на SCOUTS – MONTENEGRO, со свои два претставника од оваа категорија со над 18 години, Раде Василков и Љупка Јорданова. На овој форум  учествуваа вкупно 18 претставника од Македонија од сите одреди. Настанот имаше за…

АНДРЕЈ СИМЕВСКИ СЕ СЕЛИ ОД „ОСОГОВО“ ВО „СЛОГА 1934“

Играчот на ГФК „Осогово“ Андреј Симевски раши во зимскиот преоден рок да се пресели во „Слога 1934“ од Виница. Симевски во „Осогово“ дојде пред почетокот на есенскиот дел од првенството. Беше стандарден играч на првата постава на „жетварите“ и во изминатите кола постигна два погодока. Како што не информираат од клубот Симевски ги известил дека…

ВЛАДИМИР ДАНИЛОВ – ЧЕП ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

Од денес (16 јануари) па до 21 овој месец започнуваат задолжителните консултативни состаноци по Месните Организации во ОО на СДСМ – Кочани. Со ова и официјално започнуваат и кандидатурите за избор на нов Претседател на ОО на СДСМ – Кочани. Како што дознаваме Владимир Данилов – Чеп, дете на СДСМ отворено влегува во трката за…

ПОЖАР ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ВО КОЧАНИ

Вечерва избувна пожар во станбена зграда на улицата „Кеј на Револуцијата“ во Кочани, кој благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Кочани навреме беше изгаснат. Територијалната противпожарна единица во Кочани во 18:11 часот добила дојава за пожар на вториот кат во станбена зграда на улицата „Кеј на Револуцијата“ во Кочани. Интервенирано е со…

СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТА 56 ГОДИШНА ЖЕНА ОД ОРИЗАРИ

Исчезна 56 годишната Јасмина Лазарова од Оризари. Јасмина е  висока околу 150 сантиметри и е со проседа кратка коса. Последен пат била облечена во кафеав капут,и носела црна капа на главата. По исчезнатата Јасмина освен членови од семејството и полицијата во потрагата се вклучени и пожарникари од Доброволното против пожарно друштво од Кочани според кои…

КОЧАНЧАНЕЦ НА ЧЕЛО НА ТЕАТАРОТ КОМЕДИЈА

Нашиот сограѓанин Дарко Спасов кој е  вработен во театарот Комедија како драматург, денес е назначен за в.д. директор на оваа установа. Решението од „Министерството за култура“ веќе пристигнало во „Комедија“. Ова е последна одлука на министерката за култура во заминување , Ирена Стефоска а Спасов доаѓа на местото на актерката Магдалена Ризова Черних. „Oд страна…

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВ

На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34…

ВУЛГАРНИТЕ И НЕДОЛИЧНИТЕ КОМЕНТАРИ ЧУВАЈТЕ ГИ ЗА ВАШИТЕ ПРОФИЛИ

По кој знае кој пат еве им се обраќам на читателите на порталот. Како и понапред, така и сега ги замолувам за коментари но со пристојна содржина или коментари без вулгарни зборови или дискриминирање на личности без никакви аргументи. Вечерва веќе тројца баниравме а со тој тренд ќе продолжиме без разлика колку ќе се намали…