Црна хроника

ВО СТАН ВО КОЧАНИ ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ
На 05.07.2023 година околу 18.45 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека во стан во Кочани, бил пронајден починат Д.З.(32) од Кочани, кој бил потстанар. Од страна на лекар била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Соопштение од СВР Штип…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ПЕШАК
На 04.07.2023 во 09.36 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ж.А.(76) од с.Соколарци, удрило во пешакот К.Ј.(54) од с.Кучичино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани….

ГО НАПАДНАЛ БРАТОТ ПА ПОЛИЦИЈАТА ГО ЛИШИЛА ОД СЛОБОДА
На 27.06.2023 полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ќ.А.(47) од Кочани, затоа што во 21.58 часот во населбата Трајаново трло со метален предмет го нападнал неговиот брат Е.А.(36) од Кочани. За случајот запознаен е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против Ќ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. Известување од СВР…

ПРОНАЈДЕНО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ПО КОЕ ШТО СЕ ТРАГАШЕ
На 26.06.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Кочани, Љ.Т.(25) од Кочани пријавил дека во нива во непосредна близина на с. Грдовци, кочанско ја пронашол И.А.(85) од с.Грдовци, за која нејзиниот син пријавил на 26.06.2023 дека се оддалечила од семејниот дом во с.Грдовци. Известување од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ …

ПРИЈАВА ЗА ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ
На 26.06.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Кочани, Љ.А.(54) од с. Грдовци, кочанско, пријавил дека на 25.06.2023 околу 05.00 часот од неговиот дом се оддалечила неговата мајка И.А.(85). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Известување од СВР Штип

САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО
По вчерашните обилни врнежи од дожд, екипите на КЈП “Водовод” Кочани спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Активностите се одвиваат во координација со Општина Кочани. Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на…

СЕ РАСЧИСТУВА ПАДНАТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „БОРО ЛОВЏИЈА“
Вчера во вечерните часови падна потпорен ѕид на улицата “Боро Ловџија” во Кочани. По невремето кое го зафати градот и околината, ѕидот се урна и земјата се излизга на самата улица. Засега не се пријавени штети. Дежурните екипи на КЈП “Водовод” Кочани денес интервенираат и вршат расчистување на теренот. Се работи за разрушен потпорен ѕид…

ПАТНИОТ ПРАВЕЦ „КОЧАНИ – ГРАТЧЕ“ СО НАМАЛЕНА ПРЕГЛЕДНОСТ
Обилните дождови си го сторија своето. Вегетацијата е се побујна и веќе на некои места претставува проблем. Таков е примерот и со патниот правец „Кочани-Гратче“ каде на повеќе места поради високата трева и нависнатите гранки прегледноста е мала. Тоа е проблем и за возачите, нои уште поголема за минувачите, поточно за оние кои овој патен…

ЕДНАТА ШАХТА ДЕЛУМНО ОСПОСОБЕНА, ПРОБЛЕМИТЕ ОСТАНУВААТ
Еден ден по објавата за проблемите кои се на дел од улицата „Димитар Влахов“ особено во време на дождови екипа испратена дојде на самото место го отстрани дел од асфалтот што ја блокираше едната шахта, го оставија на тротоарот и си заминаа. Едниот шахта е делумно оспособена но проблемите остануваат бидејќи втората која е на…

КОГА „ГАЗДАТА“ ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ШУТОТ?
Повеќе од една седмица овој шут е фрлен онака како што се гледа на фотографијата и како да чека некој да дојде да го собере и да го исчисти просторот. Пред повеќе од една седмица на источниот дел од Блок „А“ на катот во трговскиот центар се рушеше ѕид со цел два објекти да бидат…