Црна хроника
НАДЛЕЖНИТЕ НИКАКО ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИИТЕ ДА ЈА ВРАТАТ УЛИЦАТА ВО ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА
Повеќе од месец дена стои голем отвор на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани на просторот пред трговскиот центар од блокот А. За овој проблем со кој секојдневно се соочуваат учесниците во сообраќајот објавивме пред дванаесет дена, но од поправка и санирање на улицата ниту трага, ниту глас. Да потсетиме, поради некаква интервенција на една од…
МАЈКА ПОДНЕЛА ПРИЈАВА ПОРАДИ ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО ОД СОУЧЕНИЧКА ВРЗ НЕЈЗИНАТА ЌЕТКА
На 25.03.2026 во 15:40 часот во ОВР Кочани, 42-годишна жена од Кочани пријави дека подолг временски период, врз нејзината малолетна ќерка е вршено психичко насилство од нејзина соученичка, а подоцна се приклучиле и други малолетници. Според пријавеното, на социјална мрежа имало група во која со други малолетнички ја навредувале и омаловажувале нејзината ќерка, која често…
ВОЗАЧИТЕ ПРЕДЛАГААТ ШТО ПОБРГУ ДА СЕ РЕШИ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС
И после три месеци од воведувањето на новиот сообраќаен режим во Кочани, негативните коментари од ичесниците во сообраќајот не стивнуваат. Меѓу поголемиот број на забелешки некако најприсутно е поврзувањето на улицата „Кеј на Револуцијата“ со улицата „Димитар Влахов“. Имено за да поминеш од „Кеј на Револуцијата“ на „Димитар Влахов“ и крајната дестинација ти е стариот…
ЗА ДА НЕ ПРАША НЕКОЈ ПОВТОРНО „ШТО РАБОТЕВТЕ ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ“
Пред повеќе од два месеци објавивме сторија за Хотел „Центар“ некогаш „Турист“ кој во втората половина на 20-тиот век е изграден во самиот центар на Кочани. Денес објектот во кој беше салата и хотелските соби изгледа бедно, и замислете тоа никому не му пречи освен на старите жители на Кочани. Две седмици по нашата објава…
ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ БАРААТ ДЕЛА А НЕ САМО ФОТОГРАФИРАЊЕ
На жителите од улицата „Илинденска“ во Кочани веќе им се преку глава предизборните ветувања. Како што истакнуваат пред секои избори им се ветува дека проблемот со нивната улица ќе биде во следниот пакет за реновирање, но штом завршат изборите улицата се става во заборав. На барање на жителите од улицата „Илинденска“ во Кочани каде што…
ДЕФЕКТОТ ОТСТРАНЕТ, ИСКОПАНОТО ОСТАВЕНО НЕПОКРИЕНО
Никако да се научиме да си ја завршиме до крај започнатата работа. На почетокот на месецот поради дефект на водоводна или канализациона мрежа на улицата „Димитар Влахов“ во непосредна близина на продавницата „Штил“ беше ископана погоема дупка на која неколку денови се работеше. Откако завршија работите ископаната земја беше вратена кај ископот, работниците си заминаа…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАТО И ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
Како што неофицијално дознаваме во тешка сообраќајна несреќа што днес после 13 часот се случила на патниот правец Кочани-Виница во близина на компанијата „Рото М“, едно лице го загубило животот а тројца се повредени. Повредените се донесени во Општа болница со проширена дејност – Кочани каде беа извршени снимки на повредите. Судирот е на две…
СЕ ЗАПАЛИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО МОЈАНЦИ, ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА
Вечерва околу 20:30 часот во Пречистената станица за отпадни води во село Мијанци се запалила инсталацијата во близина на балонот со метан. Интервенирано е со 4 возила и 8 пожарникари од ТППЕ – Кочани и 1 возило со 4 пожарникари од ДПД – Кочани. Гаснењето на пожарот било со пенило и со ПП апарати со…
ВАНДАЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ ГО УНИШТИ ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН ВО ГОРНИ ПОДЛОГ
Оштетен терен од гуми на возило, и истурено улје на самиот терен е епилогот по вандалското однесување на поединци по синоќешното нивно лудување на фудбалскиот терен во село Горни Подлог. Како што се уверивме на самото место, игралиштето кое со години го користи и одржува „Фудбал Старс“ – Кочани иако оградено главната врата е извадена…
ДОЈАВА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА ГИ ВОЗНЕМИРИ ВРАБОТЕНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ
Дојава за поставена бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани ги вознемири вработените и учениците. Веднаш е прекината наставата, учениците се евакуирани согласно Планот за евакуација и Протоколот за дојава на бомби и учениците се пуштени дома. Инспектори од ОВР Кочани го пребараа училиштето и спортската сала по што е констатирано за лажна…
