Црна хроника

ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ВО ЧИЈ ДОМ Е ПРОНАЈДЕН АМФЕТАМИН
На 15.03.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Б.С.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и една дробалка. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип

СО ИСТО СЦЕНАРИО И ВТОРАТА ЛУЛАШКА ИЗВАДЕНА
Ако пред повеќе од една седмица наш сограѓанин беше споделил фотографија од извадена една од трите лулашки во детскиот парк во непосредна близина на ОУ „Раде Кратовче“ и беше фрлена во реката, вечерва со исто сценарио и втората лулашка е извадена. Тогаш во својата објава нашиот сограѓанин напиша дека веднаш ја информирал редарската служба од…

ПРОДОЛЖУВА УНИШТУВАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА
Наши сограѓани кои во последно време почнаа за шетање да го користат новиот кеј на „Кочанска река“, од потегот на мостот кај Зебец кон „Бавчалук“ сношти беа изненадени од глетката. Од стативот била извадена корпа за отпадоци и фрлена во реката, зошто само знае оној на кого заборавиле родителите да му кажат како треба да…

И ПОВТОРНО ГОРИ ЛИ ГОРИ!
И оваа вечер вработените во Територијалната Противпожарна Единица од Кочани не останаа мирни. По примената дојава веднаш заминаа на терен. И оваа „кутриот земјоделец“ ја играл игарат „пали и бегај“. Запалено е повторно стрниште во нива во близината на Горни Подлог. Ветерот го разгорува огнот а противпожарната екипа некако не може со возилото да му…

ДЕПОНИЈА ПОЗАДИ ЗГРАДИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Централното Градско Подрачје почнува да заличува како што треба. Се поставија подземни контејнери, се обновува фасадата на зградата на некогашниот Комитет и сето тоа полека но сигурно дава една посебна убавина на овој простор и надеж дека можеби ќе не биде. Но за жал, едно е лицето а друга е позадината. Доволно е човек да…

НЕКОГАШНАТА ГОРДОСТ НА КОЧАНИ КАКО СЦЕНА ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ
Смет на сите страни, искршена и украдено метална ограда, хигиенски услови речиси под нулата, и сето тоа во центарот на Кочани кај некогашната негова гордост, Пионерски Дом „АСНОМ“. Ако го поставиме прашањето дали некој се грижи за она што ни го направи и како аманет ни го остави претходната држава, по посетата на „АСНОМ“ и…

ТРОЈЦА ОД КОЧАНИ КАЈ КОИ БИЛА ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА
На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе…

АЈДЕ КОЧАНЧАНИ, ОХРАБРЕТЕ СЕ, ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“
Сите рокови поминаа, оџакот на фабриката „Пејпар мил“ до вчера чадеше безмилосно. Време е за масовниот протест. Ајде Кочанчани охрабрете се и излезете утре (Сабота) во 12:05 и наместо преку ФБ, јавно со своето присуство да им кажеме на сопствениците на фабриката, ДОСТА Е. Најавата дека „Пејпар мил“ од 03. Март па се до крајот…

СООБРАЌАЈКА КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА
Вечерва околу 19 часот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек кај Полициска станица – Кочани се случи сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено. До несреќата дошло кога ПМВ „Форд“ со кочански регистарски таблички удрило во бетонската жардинјера што го разделува булеварот. Поради повредите на еден од патниците во возилото кое…

И ДЕНЕС ДВОЧАСОВНА БЛОКАДА НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Протестите против аерозагадувањето од страна на компанијата „Пејпар мил“ и денес продолжија. И денес како и вчера но и како изминатите две седмици два часа група граѓани протестираа поради испуштањето на штетни честички од оџакот на фабријата „Пејпар мил“. Денес два часа беше блокирана улицата „Тодосија Паунов“ а граѓаните со касна порака „Чист воздух за…