екологија
ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЈА ПОСЕТИ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ
Денеска, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани и Причестителната станица за отпадни води во с. Мојанци, меѓу кои г-ѓа Irène Kälin, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-дин Martin Candinas, прв заменик претседател на Националниот совет, г-дин Eric Nussbaumer, втор заменик претседател на Националниот совет, г-дин Claudio Fischer,…
ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРОМЕТНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Сезонски работници ангажирани од Општина Кочани деновиве ги чистеа тротоарите од обрасната вегетација и ги уредуваа патеките во Стариот парк. Според комуналниот инспектор од Општина Кочани исчистени се дел од тротоарите на улиците „Павлина Велјанова“, „Роза Петрова“ (населба Валог), „Февруарски поход“, „Тодосија Паунов“ (од СОУ „Гошо Викентиев“ до влезот во Оризари) и тротоарот од Подлошката…
ПРОИЗВЕДЕНИ ПРВИТЕ ЕКО ПЛОЧКИ ЗА НАДВОРЕШНО УРЕДУВАЊЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОТПАДНА ПЕТ ПЛАСТИКА ОД ОПШТИНИТЕ КОЧАНИ И ГЕВГЕЛИЈА
На настанот што се случи во текот на денешниот ден беше испромовирано производството на еко плочки за надворешно уредување од отпадна пластика и песок, кој за прв пат во нашата земја се произведе во рамки на овие проекти, и кој како сертифициран производ го најавува своето присуство на македонскиот пазар. Во процесот на производство на…
ДОБАР ПРИМЕР КАКО ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Денес станарите од двете згради во населбата „Недопирливи“ покажаа како сите треба да се однесуваме за да ја сочуваме животната средина. Масовно излегоа и ја исчистија целата околина од она што не требаше овде да се најде. Го исчистија просторот околу зградите, патеката која води кон ПД „АСНОМ“ а го обележаа и паркинг просторот за…
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЧИСТОТАТА ОДБЕЛЕЖАН СО ПОВЕЌЕ ЕКОЛОШКИ АКЦИИ
По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот. Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови. Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП…
КОЛЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ОД С. ТРКАЊЕ СО ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА
Деновиве се врши поголем зафат на градежна работна активност, изградба на колекторско поврзување на канализационата мрежа од с. Тркање до Пречистителната станица со бушење под железничката пруга и пристапниот пат. Станува збор за канализациона мрежа во село Тркање, проект со кој се реши долгогодишен проблем со канализацијата во с. Тркање. Должината на колекторот е околу…
КОЧАНСКА РЕКА СО НАМАЛЕНА КОЛИЧИНА ВОДА, РИБИТЕ ОСТАНУВААТ РЕЧИСИ НА СУВО
Намалената количина но вода во Кочанска река предизвика многу риби да останат заробено на суво. Особено оваа појава е забележана во долниот тек на градот, поточно од „Железнички мост“ па надолу. Дознаваме дека една од причините е што на 5 и 6 Септември завршува сезоната за наводнување па водата која доваѓаше по каналот од Калиманска…
ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ
За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот. Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа…
ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЈАВНИ РАБОТИ, МЕРКА 6
Во склоп на извршувањето на работните активности на прокетот Јавни работи, мерка 6, продолжува комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот. Во моментот се уредуваат тротоарските површини на улица „Евлија Челебија“ и тротоарот на магистралниот пат Кочани – Пониква кој се протега кон с. Бели. Просторното уредување продолжува и во наредните денови на…
СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНОТО ТЕРЕСТИЧКО И АВИО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Во текот на синоќешните и денешните рани утрински часови беа спроведени двете превентивни прскања и третирања за заштита од комарци. Синоќа, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Беа опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни…