известувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕФЕКТ НА ГЛАБЕН ЦЕФКОВОД
Ги информираме корисниците дека е настанат дефект на главен цевковод за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани. По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот и во тек е санација на истиот. Поради дефектот водоснабдувањето е прекинато на следните улици: “Пиринска”,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СИНОХИДРО
Синохидро корпорешн лимитед, ја известува јавноста дека поради изведување градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање и асфалтирање на потегот од Соколарци до Спанчево и обратно, патот времено е затворен за сите видови возила. Доколку работите се одвиваат според планираното, се очекува тој да биде отворен за употреба околу 17 часот. Се повикуваат учесниците…

ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД ЗА ВИСОКА ЗОНА
Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА
Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран. Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна…

КЈП „ВОДОВОД“ ГО ОТСТРАНУВА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – НАДОЈДЕНАТА ВОДА ГО ОТЕЖНУВА РАБОТЕЊЕТО
Поради дефект на дел од цевководот во средината на коритото на Кочанска Река, сѐ уште е во прекин водоснабдувањето на корисниците од високата зона во градот Кочани и во селото Бели. Според службите на „Водовод“, надојдената вода и тешкиот пристап до оштетениот дел на цевководот ја отежнуваат санацијата на дефектот. Во текот на денот цистерни…

КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанатиот дефект на цевководот за водоснабдување на корисниците од висока зона е доста комплексен. Екипите на КЈП Водовод Кочани открија дека дефектот се наоѓа во коритото на Кочанска Река. За таа цел екипите на Водовод со тешка механизација ќе работат најпрво на пренасочување на реката, со цел да се создадат услови за отстранување на дефектот. …

ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИТЕ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ГРДОВЦИ
Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Грдовци.. Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што…

ОБУКА ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ВО ДОМОТ
Во вторник, 13 јуни, во салата на Советот на Општина Кочани (Венчалната сала), со почеток од 10:30 ч., Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје ќе одржи обука на тема Социјални услуги во домот. Обуката е наменета за потенцијални даватели и корисници на социјални услуги во домот, а ќе присуствуваат и претставници на Центарот…

ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање. Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари…

НАЈАВА – ОБУКА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ
Повик до сите жени претприемачки и потенцијални претприемачки од Источен регион. Обука на тема “ФИНАНСИРАЊЕ НА БИЗНИС И ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ” Обуката е бесплатна, а местата се ограничени. Резервирајте место на маил irenamircovska@gmail.com или на тел.071272024. Се гледаме на 30.05 КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ