репортажа

НА БАЛКАНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ЗА ЈУНИОРИ ПО ИНФОРМАТИКА, БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ВЛАДИМИР ГРЧЕВ ОД КОЧАНИ
На 16-тата Балканска олимпијада за јуниори по информатика која изминатиот викенд се одржа во Хотел „Сириус“ во Струмица, Владимир Грчев го освои бронзениот медал. Инаку Владимир Грчев е ученик во осмо одделени во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани а на Балканската олимпијада за јуниори беше дел од Македонскиот тим со уште петмина натпреварувачи….

СТОПИРАНО ПОНАТАМОШНОТО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА МАЛА РЕКА
Како што дознаваме понатамошното изведување на работните активности на „Мала река“ од страна на Друштво за производство на електрична енергија ДИС Енергија ДОО Скопје од страна на водостопански инспектор се стопирани. Имено, водостопански инспектор од Државен инспекторат за животна средина на 09.10.2023 година има извршено инспекциски надзор во кој ги утврдил сите недостатоци, и со…

СО ПОЛОЖУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ
Со положување на цвеќе на „Споменикот на слободата“ и на постаментот пред бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на револуцијата“ во Кочани започна чествувањето на еден од најзначајните празници во Македонската историја, празникот 11 Октомври. Делегации од Советот на Општина Кочани, од Сојузот на борците од НОВ, од ОО на СДСМ –…

ОПШТИНА КОЧАНИ СО ПОДДРШКА НА КАМПОТ ЗА МЛАДИ ИНФОРМАТИЧАРИ
Денеска во „Еуро хотел Градче“ во Кочани започна Кампот за млади информатичари. Кампот, кој претставува шестдневна обука на јуниорските и на сениорските информатичари што ќе ја претставуваат Македонија на идните олимпијади и натпревари по информатика ширум светот, го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Тој го изрази задоволството што Општината и Советот даваат поддршка…

ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН – ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ И ОДДАДОА ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
По повод Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со членови од Советот, делегација од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата….

ЛИТИЈА И КРШЕЊЕ НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН
По празничната вечерна богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Градскиот парк, по повод Петровден беше организирана литија и осветување на славскиот колач. Празникот Петровден на присутните им го честита митрополитот Брегалнички г. Иларион. „Денеска е пасха и радост за секоја човекољубива и христољубива душа, овој ден Господ…

ЧЛЕНОВИ НА ДПСС „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЌУСТЕНДИЛ
За време на викендот членови на здружението ДПСС „Осогово“ (Доброволно планинска спасителна служба) претстојуваа во работна посета во Ќустендил (Бугарија) кај нивните колеги од ПСС –Ќустендил. За време на посетата беа разменети искуства од досегашното нивно работење а беа анализирани и методи за спасување во планински услови. На средбата домаќините на гостите од Кочани им…

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ НА РОТАРИ ДИСТРИКТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ШТО ЗА ПРВ ПАТ СЕ ОДРЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА
Шест Ротаријанци од Ротари клубот Кочани – Виница присуствуваа на Ротари Дистриктната конференција на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија), која за прв пат се организира во Битола и во Македонија. Дистриктната конференција се одржа во Народниот театар во Битола, а на неа присуствуваа членови на ротари клубовите на двете земји. Со Ротари Дистриктната конференција…

ПРИЗНАНИЕТО ЗА ОСОБЕНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ЗА МАГДАЛЕНА КОЧОВСКА САЛТИРОВА
Во текот на денешниот ден во Струмица во склоп на манифестацијата „Средба под јаворите“ се одржа советување под мотото ,,Споделување на добри практики во библиотечната дејност”. На советувањето свое обраќање имаа професионални излагачи, кои зборуваа на многу интересни и корисни теми, се со цел, што повеќе да се унапреди библиотечната дејност. На манифестацијата беа доделени…

УТРИНСКИ ХАОС ОКОЛУ УРЕДУВАЊЕТО НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“
Иако во текот на вчерашниот ден имаше известување од Општина Кочани дека во текот на денешниот ден 6 јуни 2023 година, во периодот од 08:00 – 11:00 часот ќе се уредува дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ на потегот од зградата на Катастарот до влезот во Трговскиот центар и дека е потребно паркираните возила да бидат…