Свечена празнична богослужба синоќа беше извршена во храмот „св. Вмч Геогриј“ Кочани по повод Петровден, празникот на градот во сослужение на Високопреосвештен владика Брегалнички Иларион во придружба на свештенослужители.
Од таму голем број верници и свештеници се упатија во Градскиот Парк, кадешто беше пресечен славскиот колач.
Со почеток во 19:30 часот во Мултикултурниот Центар на Духовната академија, кочанчани беа сведоци на празничниот концерт, на којшто настапија црковниот женски хор Св. Лидија Македонска и детскиот хор Св. Роман Слаткопевец, а беше застапена и македонската народна песна во испонение на вокалниот изведувач Марина Јаневска во придружба на Милан Стефаноски-клавинова и Далибор Зафировски-кавал.
Општина Кочани