Ознака: напад
КОЧАНЧАНКА ПРИЈАВИЛА НАПАД НА НЕЈЗИНАТА МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА
На 26.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ѓ.(38) од Кочани пријавила дека околу 20.00 часот во нејзината семејна куќа во Кочани, од страна на женско лице Х.Ј. од Кочани, по вербална расправија, со тврд предмет била нападната нејзината малолетна ќерка. По комплетирање на случајот против Х.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение на…
ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКИ НАПАД ВО НАСЕЛБА ОРИЗАРИ
На 06.03.2023 во 13.20 часот во Полициската станица Кочани, Ј.И.(76) од с.Оризари, кочанско, пријавил дека во 12.45 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во с.Оризари бил физички нападнат од Б.С. од с.Оризари. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР. Дневни билтени на МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ЈА НАПАДНАЛ МАЈКА СИ
На 14.12.2022, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(22) од Кочани затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46 – годишна мајка. По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни соопштенија од СВР Штип
ГО ПРИЈАВИЛА ПОРАНЕШНИОТ ЗЕТ БИДЕЈЌИ ЈА НАПАДНАЛ ВО НЕЈЗИНИОТ ДВОР
На 04.12.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Кочани, 47-годишна жена од Кочани пријавила дека околу 22.40 часот во дворот од куќата во Кочани била физички нападната од нејзиниот поранешен зет А.З.. По комплетирање на случајот против А.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни соопштенија од СВР Штип
ПРИЈАВИЛА ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА ВО АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА
На 29.11.2022 во 13.15 часот во ОВР Кочани, С.А.(41) од Кочани пријавила дека на 28.11.2022 околу 11.30 часот во адвокатска канцеларија во Кочани била физички нападната од А.Б. од Кочани. По комплетирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
МАЈКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА МАЛОЛЕТНИОТ СИН И ГО НАПДНАЛЕ ТРИ ЛИЦА
На 23.11.2022 во Полициска станица Кочани, А.С.(42) од Кочани пријавила дека околу 12.30 часот во трговски центар во Кочани нејзиниот малолетн син бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
СУДСКИ ДОСТАВУВАЧ НАПАДНАТ ОД ЖЕНА КОЈА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ ГО ОШТЕТИЛА И ВОЗИЛОТО
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 10.10.2022 во Кочани, пријавената со употреба на сила спречила судски доставувач при достава на службени материјали, по што физички го нападнала и со остар предмет му го оштетила возилото….
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од…
ЛИЦЕ ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ АПАРАТ ЗА ИГРА НА СРЕЌА
На 05.10.2022 во 19.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Р.А.(55) од Кочани затоа што во 19.30 часот во обложувалница на ул.„Кеј на Револуција“ во Кочани со тврд предмет ги оштетил апаратите за игри на срека. По комплетирање на случајот против Р.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР. Соопштенија од …
ПРИЈАВА ЗА НАПАДИ НА ДВЕ ЛИЦА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ
На 05.09.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.К.(54) пријавил дека на 04.09.2022 околу 18.00 часот во с.Полаки бил физички нападнат од Д.К.(36), двајцата од Кочани. По комплетирање на случајот против Д.К.(36) ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.09.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кочани, Д.А.(58) пријавила дека околу 10.00 часот во дворот…