Ознака: оризари
СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ДВА КРАКА ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО ОРИЗАРИ
Деновиве се одвиваат градежните работи за реконструкција на два крака од улицата „АСНОМ“ во Оризари. Изведувачот на работите, фирмата „Коле транс инженеринг“ од Штип работи на ископи и тампонирање на двата улични крака, во вкупна должина од 320 м. Според потпишаниот договор, ќе се изврши и корекција на спојот на краците со главната улица „АСНОМ“,…
ПРЕТСТОИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЕЈСКИТЕ УЛИЦИ ВО ОРИЗАРИ
Општина Кочани објави повик за спроведување постапка за јавна набавка за избор на изведувач на работите за реконструкција на дел од улиците „Никола Карев“ и „Кеј на Револуцијата“ во Оризари. Со средства планирани од општинскиот буџет, се очекува наскоро да почнат градежни активности на двете кејски улици во Оризари, во должина од 562 м. Проектот…
ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Од 06-11ти јули Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари беше на турнеа во Босна и Херцеговина на покана од долгодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра. Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во истоимениот…
ГОДИНЕШНАТА ГРАН ПРИ НАГРАДА „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ ЗА ОРКЕСТАРОТ „ОСОГОВСКИ ИЗВОР“ ОД ОРИЗАРИ
На годинешниот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржа во саботата во село Долнени Општина Прилеп, Гран При наградата му беше доделена на оркестарот „Осоговски извор“ од Оризари, Општина Кочани. Оркестарот на изворни инструменти „Осоговски извор” од Оризари, Општина Кочани претставува продолжение на истоимениот оркестар кој се појавува под ова име…
ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА ВО ОРИЗАРИ
Започнува реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари. Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари. Вредноста на инвестицијата е 7.788.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна…
ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРАЗНИКОТ НА РОЗАТА ВО КАЗАНЛАК
Од 2 до 5 јуни Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари беше дел од 120. издание на Празникот на розата во Казанлак, Бугарија. Ансамблот имаше три настапа и учествуваше во дефилето со над 10 илјади учесници. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ НА ДЕТСКИОТ ЕТНОФЕСТИВАЛ ВО ХАСКОВО – БУГАРИЈА
Од 30 мај до 2 јуни, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари учествуваше на 20. Меѓународен детски етнофестивал „Децата на Балканите – со духовност во Европа“. На овој фестивал што се одржа во Општина Минерални Бањи, Хасково, Бугарија, ФА „Љупчо Сантов“ ја освои специјалната награда. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ …
ПРЕВЕНТИВНА АКТИВНОСТ НА ОВР КОЧАНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
Вчера (29.05.) полициски службеници од Полициската станица Кочани заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на сообраќајот Кочани, при ОВР Кочани, во општинското основно училиште “Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари за учениците од прво и второ одделение спроведоа едукативно предавање од областа на сообраќај под мото “Јас како пешак и велосипедист“. Во…
ОТВОРЕНА НОВА МЕДИЈАТЕКА ВО ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ОРИЗАРИ
Во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари пуштена е во функција нова медијатека која располага со богат книжевен фонд и литература на македонски и англиски јазик. Оваа медијатека ќе работи за потребите на учениците, со цел да ги задоволи потребите за нивните наставни содржини. Опремена е со компјутер со пристап до интернет, како и со…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ГОСТИТЕ НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ“
Претставниците на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и од Словенија, коишто учествуваат на десеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“, имаа прием кај градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Во пријатна атмосфера, разменија впечатоци и мислења за самиот фестивал, на кој некои од нив учествуваат по петти пат. Притоа тие…