Ознака: пожар
ЌЕ ГО СПРЕЧИ ЛИ ОВА НЕКОЈ?
Жители од населбата кај филтер станицата ни испратија фотографии со допис во кој се вели: „Ова е моменталната состојба кај местото викано антени. Се горат гуми чии мирис ни смета на нас жителите кои живееме во непосредна близина а и чадот е доста опасен. Вака е речиси секоја вечер но никој не реагира. Овде во…
СПРОВЕДЕНА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ
Викендов Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Одделението за внатрешни работи – Кочани спроведоа заедничка акција за превенција и заштита од шумски пожари. На граѓаните што патуваа кон Пониква и кон браната Гратче им делеа информативно-едукативен материјал – Прирачник за заштита и превенција од пожари…
СЕ ЗАПАЛИЛО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО ДОДЕКА БИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ
На 05.02.2024 во 10.15 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на експресниот пат А3 и индустриски дел во Кочани настанал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ во движење, управувано од Д.С.(61) од Кочани. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Извршен бил увид. Соопштение на СВР…
СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО РАЗГОРУВА ПОЖАРОТ, ТЕШКО ДА СЕ ИЗГАСНЕ ВЕЧЕРВА
Забавата која си ја организираат земјоделците со неконтролираното палење на стрништата и веднаш бегање од местото на настанот продолжува.И денес голем пожар има над селата Жиганци Новоселани и Лепопелци. Дознаваме дека во моментот 13 пожарникари со 5 возила и 11 добровочци од ДПД со 2 возила мака мачат како да го спречат проширувањето на пожарот…..
ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ ГОЛЕМ ШУМСКИ ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ ЖИГАНЦИ
Како што дознаваме голем шумски пожар беснее кај селата Жиганци, Новоселани и Лепопелци. Линијата на пожарот е долга а на терен се излезени комплетната екипа на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани со 5 возила и 8 доброволци со едно возило. Горат стрништа, сува трева и ниско стеблеста шума. Во моментот пожарот е активен па дел…
ИЗГАСНАТ ГОЛЕМ ПОЖАР НАД ОРИЗАРИ
Попладнево во 14:45 часот во Територијалната Противпожарна Единица во Кочани е пријавен за голем пожар кај местото „Поленик“ над Оризари. Од Територијалната Противпожарна Единица од Кочани е интервенирано со 11 пожарникари и 5 возила а во гаснењето учествувале и 10 доброволци со 1 возило од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани, како и 2 возила со…
СО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА МВР, ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ИЗГАСНАТ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР
Со ангажираност на екипи од МВР потпомогнати со хеликоптер, пожарникари од Кочани и доброволци од ДПД – Кочани и пехчево синоќа околу 19:00 часот е изгаснат големиот пожар што избувна најпрвин на територијата на општина Чешиново-Облешево и се прошири кон селата Врбица, Буниш и Турско Рударе. Зафатена површина од околу 800 хектари нискостеблеста шума и…
ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИЗВЛЕЧЕ ПЕТ ПОЖАРНИКАРИ КОИ БЕА ОБИКОЛЕНИ ОД ОГНОТ ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода. Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР КАЈ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека околу 17 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е нискостеблеста вегетација и сува трева. Просторот кој е зафатен од пожарот е тешко пристапен и се наоѓа на самиот крај од градската депонијата и не опфаќа никакви отпадоци, туку исклучиво сува трева. По добиената дојава за пожар, екипите на…
ЛИКВИДИРАН ПОЖАРОТ ВО СЕЛАТА ВРБИЦА И СОКОЛАРЦИ
По десетчасовна битка со сите расположливи ресурси на Територијалната противпожарна единица – Кочани, со поддршка од Доброволното противпожарно друштво – Кочани, ТППЕ од Штип и Свети Николе, од Национални шуми, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување – ликвидиран е пожарот на територијата на Чешиново-Облешево. Командирот на кочанската ТППЕ Драган Апостолов…
