Волонтери од Општински организации на Црвен крст од Македонија кампуваат на локалитетот Кај Дабот во селото Бели, на летниот младински едукативен камп што го организира Црвен крст – Кочани.
Тридневниот едукативен камп е на тема Подготвеност и дејствување при катастрофи со акцент на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и едукации за бебедно движење во планина и ориентација во простор.
На локалитетот Кај Дабот во селото Бели е подигната шаторска населба каде волонтерите престојуваат во текот на тритте дена. На кампот учествуваат волонтери од Кочани, Виница, Делчево, Штип, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Куманово и Битола.
„На едукативниот камп учествуваат 30-тина млади волонтери од Кочани и осум други општински организации на Црвен крст од државата. Темата на кампот е во делот на катастрофите каде теоретски и практични предавања им држат едукатори од Територијаланта противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво, Планинарски спортскиот клуб „Осогово“ и Извидничкиот одред „Ластовица“. Целта е младите лица да се едуцираат и стекнатите знаења да можат да ги применат во реална ситуација како и да ги пренесат на своите врсници од Клубовите на млади од каде доаѓаат“ истакна Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.
Вчера, на вториот ден од кампувањето гостите ги посети и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој ги поздрави присутните волонтери и им посака пријатен престој во Кочани.
Општина Кочани