Последни вести

СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ

На 15.10.2022 околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од…

ИЗВИДНИЦИТЕ СО УШТЕ ЕДЕН ПРАКТИЧЕН ДЕН

Пријатното и сончево време членовите на ИО „Ластовица“ од Кочани го искористија повторно да излезат во планина. Вчера, сабота (15.10.2022г.) 40 извидници и неколку симпатизери на одредот имаа целодневна настава во природа. Активностите започнаа од ЗРЦ Пониква со извиднички марш до врвот Панаѓур (1669м.). Трасата беше долга околу 7км. а децата уживаа во есенските бои…

СЕКОЈ ВИКЕНД Е ИСТО, САМО ДЕНЕС МАНИЛАТА ЈА НЕМАШЕ

„Како портал сакам да вас да ве информирам а вие да ги информирате читателите дека старата песна пак се пее. На пат кон Пониква  речиси секој викенд истата глетка како од лани. На еден од свиоците заштитната ограда на патот ја нема, испарила некаде за да тој што има подолу некаква си куќарка несметано си…

ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ ЗА „БАСКЕТ ДИНО“ ВО НОВАТА СЕЗОНА

Кошаркарите на „Баскет Дино“ со победа ја започнаа новата сезона во Трета Кошаркарска Лига. Во рамките на првото коло во Струмица домаќинот „Ролинг“ загуби од „Баскет Дино“ 58:88 (09:32; 22:15; 16:23; 11:18). Самиот резултат по четвртини заборува за супериорноста на кочанските кошаркари. Играчите на „Баскет Дино“ во првата четвртина која ја решија во своја корист…

МЕМОРИЈАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“ ВО ПРВАТА САБОТА ОД МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Во организација на БК „Спартак“ и Боречката федерација на република Северна Македонија, а со поддршка на Општина Кочани на 05.Ноември оваа година ќе се одржи традиционалниот 22-ри  Меѓународниот Меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“. На турнирот ќе земаат учество момчиња и девојчиња: – момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории, – момчиња во категоријата…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од…

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП – СИМБОЛОТ НА СЛЕПИОТ ЧОВЕК

Во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица во Кочани членовите на здружението на скромен и достоинствен начин го одбележаа 15 Октомври, Меѓународниот ден на „Белиот стап“ – симболот на слепиот човек. На средбата освен што беше истакнато значењето на Меѓународниот ден на Белиот стап, исто така се разговараше и за проблемите, предизвиците и…

ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЈА ПОСЕТИ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ

Денеска, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани и Причестителната станица за отпадни води во с. Мојанци, меѓу кои г-ѓа Irène Kälin, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-дин Martin Candinas, прв заменик претседател на Националниот совет, г-дин Eric Nussbaumer, втор заменик претседател на Националниот совет, г-дин Claudio Fischer,…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, НАЈ ИНТЕРЕСНО ВО СВЕТИ НИКОЛЕ И ДЕЛЧЕВО

Недела 14:00 часот, термин за одигрување на натпреварите од 6-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Неколку натпревари го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност, но според двојките се чини дека најинтересно ќе биде во Свети Николе, Делчево и Градско Балдовци што не значи дека и на останатите три средби резултатот нема да биде неизвесен….

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 17.10.2022 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

За Понеделник (17.10.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од: 09:00 – 13:00 часот ќе имаат: населба Оризари (м.в. Витоша и делот околу Спортската сала).