Последни вести

УСПЕШНО ЗАВРШЕНА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ОД ХИДРОСИСТЕМОТ БРЕГАЛНИЦА

Успешно е за завршена сезоната за наводнување на земјоделското земјиште во Брегалничкиот регион кое ги користи водните ресурси на хидросистемот „Брегалница“. Во текот на пролетта и во летниот период испорачани се над 100 милиони кубни метри вода, од што најголем дел за потребите на оризовите површини во Кочанско, но и за полињата во Штипско, Пробиштипско…

ПО ШЕСТ ОДИГРАНИ КОЛА, „ОСОГОВО“ НА ПРВОТО МЕСТО, НО …….

Се одиграа повеќе од половината натпревари во есенскиот дел во Трета Фудбалска Лига – Исток, вкупно 6, по кои екипата на „Осогово“ се најде на првото место на табелата. „Жолто-сините“ по шесте одиграни кола имаат освоено 16 бодови (5 победи, 1 нерешенa, 0 порази, и гол разлика 25:06 (+19)). Иако „Осогово“ е на првото место…

МВР – 44 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

Денеска (19.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санкционирани се 44 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги…

ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ БАРААТ РЕШАВЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШЕН ПРОБЛЕМ

Жители од улицата „Александар Македонски“ во Кочани испратија допис преку кој сакаат да се изнајде решение за решавање на нивниот повеќегодишен проблем. Во дописот се вели: „Би сакале да ве замолиме да го објавете овој наш допис. Се работи за проблем на улицата Александар Македонски од некаде бројот 20 до 30 на куќите. Улицата се…

ПОСТАВЕН ЧАСОВНИК НА „КРУШАРСКИ МОСТ“, ДОНАЦИЈА ОД „INSA“ ЗЕМУН

Денес на „Крушарски мост“ од страната на „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше поставен голем  часовник. Дознаваме дека часовникот е донација од „ИНСА“ (Индустрија сатова) од Земун (Република Србија) а целта е граѓаните на Општина Кочани кои  дел од денот го поминуваат во „Паркот на Револуцијата“ да го имаат времето постојано на увид. Токму затоа…

ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „МУГРИ“ И ОРКЕСТАРОТ ЗА ИЗВОРНИ НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА ПРИ НУЦК „БЕЛИ МУГРИ” – КОЧАНИ.

Датум: 22.10.2022 година Време:17:00 часот Место: „Летна сцена“ На концертот освен ФА „Мугри“ ќе настапат и: -ФА „Јанко Глигоров“ при ДК „Крсте Мисирков“ (Свети Николе( -ФА „Велигденски цветови“ с. Јаргулица  (Радовиш) -КУД „Коле Неделковски“  (Велес) -Фолклорна група при НУЦК  „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ЧИФЛИК

Вечерва околу 20:30 часот на Магистралниот пат Штип – Кочани во близина на селото Чифлик се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила: „Ауди А4“, „Тојота јарис“ и „Фиат панда“. Аудите се движело во правец кон Штип а другите две возила се движеле кон Кочани. Повредените лица се префрлени во Општа болница со…

ЈОВАН МАНЕВ ДЕБИТИРАШЕ СО ПОБЕДА ВО ПРВИОТ СОСТАВ НА „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Јован Манев беше стартер во приод состав на „Адана Демирспор“ на денешниот Куп натпревар против екипата на „Адијаман“. Деби натпреварот во првиот состав на Манев му донесе радост бидејќи неговиот клуб славеше со 5:0 (1:0). Му посакуваме на ова скромно момче но голем работник и борец на теренот да продолжи со работа и набргу да…

СО НЕШТО УБАВО ДА ГО ЗАБЕЛЕЖИМЕ ДЕНОТ

Во следните фотографии нема ништо што ќе повреди некои партиски доживотни потрчковци или некои кои цел живот се кријат зад вистината. Гулабите навистина го разубавија денот. Иако веќе е втората половина од месец октомври сепак тие и понатака уживаат во речното корито. Ги имаше денес на неколку локации во градот. Добро е што со нешто…

48 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

Денеска (18.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санционирани се 48 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат…