Последни вести

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЖЕЛНИ ЗА КУЛТУРНИ НАСТАНИ

Во минато во склоп на училишните програми учениците имаа можност да посетат културни настани и институции надвор од градот во кој учат. Во последните неколку години таа процедура стана отежната, скоро невозможна. Имено по желба на учениците и во организација на професорката по музичко образование Жаклина С. Јорданова 100 ученици од 9 одд. од ОУ…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА – МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЃУРИШТЕ 2022“

Во Салон „Фоаје 1“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани денес беше отворена изложбата од 16-тата меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2022“ 27 дела изработени во акрил на платно се поставени на изложбата која љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат во следните две седмици. Годинешната Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ 2022 се одржа од…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПРЕТПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО

Во Недела се играат натпреварите од 10-тото, претпоследно есенско  коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Осогово“ ја пречекува екипата на „Вардарски“ и со евентуална победа ќе се закити со есенската титула. Делчевци по одличната игра против „Осогово“ во Кочани и несреќно загубените бодови шансата ќе ја барат на домашен терен против…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, ЖФК „КОЧАНИ“ ПО МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА, ДОМАЌИН

Во Сабота и Недела се играат натпреварите од 8-т коло во Првата Фудбалска Лига за жени. По месец и половина екипата на „КочанИ3 повторно ќе им можност да одигра натпревар пред своите гледачи. Во изминатите седум кола кочанчанки освоија само еден бод, но од клубот најавуваат серија натпревари со полесни противници или рамни на нив…

НА 15 НОЕМВРИ ВО КОЧАНИ – И ЈАС СУМ ТУКА И ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „МОДНА РЕВИЈА“

Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска ќе биде отворена на 15 ноември во 18 часот во Градската библиотека „Искра“ во Кочани. Вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив. На настанот…

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ЗА ПОДОБАР ВИДИК“

Општина Кочани по повод Денот на лицата со попреченост 3. декември, ќе одржи културно-уметничка програма под мотото „За подобар видик“. Во истата ќе земат учество училиштата и градинките, а ќе биде збогатена со продажни штандови во Градскиот Парк во Кочани на ден 2 декември (петок) 2022 година, со почеток од 10 часот. Целта на настанот…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Општина Кочани изврши градежни активности и хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. На потегот на кејот на Кочанска Река кон месноста Бавчалук, Општина Кочани го расчисти и уреди тротоарскиот простор и кејот на реката од нараснатата вегетација. Покрај шеталиштето беа изработени мурали и графити. Истовремено се работи на изградба на високи потпорни ѕидови. Изградени…

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРИКАЗНИ ОД ПЕТКА“ ОД СОЊА ДРАГОЉУБ ГИЗДАВИЌ

Вечерва во Салон „Фоаје“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше промовирана книгата „Приказни од петка“ која воедно е прво прозно остварување на нашата сограѓанка Соња Драгољуб Гиздавиќ. Пред љубителите на убаво напишаниот збор кои присуствуваа на вечерашната промоција, извадоци од книгата читаа Љупка Јорданова и Анастасија Михаилова. За напишаното дело свое обраќање имаше…

СУДСКИ ДОСТАВУВАЧ НАПАДНАТ ОД ЖЕНА КОЈА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ ГО ОШТЕТИЛА И ВОЗИЛОТО

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 10.10.2022 во Кочани, пријавената со употреба на сила спречила судски доставувач при достава на службени материјали, по што физички го нападнала и со остар предмет му го оштетила возилото….

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ИДЕНТИТЕТОТ Е ПРИКАЗНА“

Денес во салата на катот во Мултикултурниот Центар во Кочани во присуство на љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана книгата „Идентитетот е приказна“ чиј автор е Иван Антоновски. Книгата е објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Промотор на книгата „Идентитетот е приказна“ беше проф. д-р…