Последни вести

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЧИСТОТАТА ОДБЕЛЕЖАН СО ПОВЕЌЕ ЕКОЛОШКИ АКЦИИ

По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот. Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови. Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, 37 ПОГОДОЦИ ВО ВТОРОТО КОЛО

Се одиграа натпреварите од второто коло од Првата Фудбалска Лига – за жени. На пет средби постигнати се 37 погодоци или 7,4 по натпревар, што уште еднаш ја покажа разликата во квалитет на екипите. Повратникот во лигата „Кочани“ немаше сили против далеку поспремната екипа на „Љуботен“. „Жетварките“ примија 13 погодоци  и можат да бидат задоволни…

ПОСТАВУВАЊЕ ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА НОВИОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА УЛ. „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Во склоп на реконструкцијата на улицата „Стево Теодосиевски“ изграден е и нов паркинг простор до новоизградената коловозна лента. Во моментот од страна на фирмата назначена за поставување и одржување на јавното освелување се работи на поставување јавно осветлување на новиот паркинг простор со цел за безбедно паркирање на возилата. Новиот паркинг простор овозможува паркирање на…

ЦЕЛОДНЕВНИОТ ПРЕСТОЈ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ СО НОВ ЛИК

Почитувани Ве информираме дека за краток период заеднички со наставничката по Ликовно образование и Одделенскиот наставник кој ќе работи во целодневниот престој успеавме да го уредиме и доопремиме целодневниот престој во нашето училиште. Се обврзуваме дека и понатаму ќе вложуваме и ќе ги подобруваме условите се со цел нашите  дечиња и ученици да се чувствуваат…

ИЗРАБОТКА НА МУРАЛИ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА ПО ПОВОД ПРОЕКТОТ , ,ЦРТАЈ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“

Заврши реализацијата на проектот ,,ХА-ХА-ХА! АЗБУКА НА КОМЕДИЈАТА“ – реализиран од тајфата на академскиот уметник Орхан Ќамил од Кочани, а финансиран од Министерството за култура. Сликањето на муралите се одвиваше четири дена и се адаптира на амбиентот и на програмата на Театар Комедија и Бистро Комедија. Учесниците во проектот – Викторија Митева, Данче Ефтимова, Давид…

СООБРАЌАЈНА ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВООДДЕЛЕНИЦИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Општина Кочани, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Одделението за внатрешни работи Кочани, деновиве, во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ реализираа едукативни активности чија цел е поголемо знаење кај децата заради нивна заштита како учесници во сообраќајот. На учениците од прво одделение им беше поделен едукативно-информативен материјал со…

ТРЕТОЛИГАШИТЕ ОД ИСТОКОТ ГО ИГРААТ ВТОРОТО КОЛО

Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од второто коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ му гостува на традиционалниот незгоден противник во Берово,  додека на теренот во Чешиново гостуваат Светиниколчани. Двојки од второто коло: „Малеш“ – „Осогово“ „Академија Ч-О“ – „Овче Поле“ „Брегалница“ (Д) – „Тиверија“ „Победа“ (В) – „Вардарски“…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, „КОЧАНИ“ ДОМАЌИН НА ШАМПИОНОТ

За време на викендот продолжуваат натпреварите во Првата Фудбалска Лига за жени. На програмата се натпреварите од второто коло во кое повратникот во прволигашкото друштво „Кочани“ ќе го угости минатогодишниот Шампион „Љуботен“ од Тетово. Двојки од второто коло: „Кочани“ – „Љуботен“ „Каменица Саса“ – „Деспина“ „Ас Јунајтед“ – „Истатов“ „Борец“ – „Скопје“ „Тиверија“ – „Речица“…

ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

Почитувани, Во контекст на вашата загриженост за превозот на учениците, велите: – Учениците, минатите години имаа превоз. Затоа што не им треба. Заборавате дека учениците имаа онлајн настава. УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ПОВТОРНО, затоа што впрочем ВМРО ДПМНЕ е таа која што го воведе бесплатниот превоз во училиштата и бесплатните учебници секоја година и…

ПРОШИРУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ЈАВНИ УСЛУГИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ПРЕКУ „МЗАЕДНИЦА“

Општина Кочани е една од првите во државата којашто ја користи мобилната и веб-апликација „мЗаедница“, која на граѓаните им нуди брза и едноставна комуникација со општината за пријавување проблеми, предлог-решенија и дигитално аплицирање за субвенции. На работилницата што неделава се одржа во Охрид, на која учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов со административни службеници и претставници…