Последни вести
ПОД МОТОТО „ЗА ПОДОБАР ВИДИК“ ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
В петок, 2 декември, од 10 до 13 ч., во Градскиот парк – при неповолни временски услови во Спортската сала „Никола Карев“ – Општина Кочани организира културно-уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на лицата со попреченост. Под мотото „За подобар видик“, ќе настапат деца од училиштата меѓу кои и инклузирани ученици со попреченост,…
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ – БУЏЕТ ЗА 2023 ГОДИНА
Отворени денови за предлози и идеи од граѓаните за следниот општински буџет Во пресрет на оформувањето на Буџетот за 2023 година, на 3 и 4 декември Општина Кочани организира Отворени денови за средби со граѓаните, на кои тие ќе може да предложат идеи и проекти за следната буџетска година. Воедно, граѓаните ќе имаат можност да…
ДО КАДЕ ОДИ ЧОВЕЧКАТА СОВЕСТ, ДОКОЛКУ СЕ ИМА!
Фотографијата ја добивме пред малку. Направена е на „Градската депонија“ ама од некој со селски навики. Угинатото животно не се знае од што дошло до оваа фаза. Дали од некоја болест или некој му има нешто направено. Како и да е, крајно неодговорно од оној што го фрлил на депонијата а не размислил до какви…
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 02.12.2022 ГОДИНА (ПЕТОК)
За Петок (02.12.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 09:00 – 13:00 часот: улица „Унгарска“ во Индустриска зона (објекти околу фирма Метфил).
ЛОКАЛНИОТ ОГРАНОК НА ПАРТИЈАТА ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ
Во присуство на членови и симпатизери на партијата, вечерва Левица ја отвори новата канцеларија на Локалниот огранок во Кочани. Како што доликува канцеларијата ја отвори претседателот на партијата Димитар Апасиев, а на чинот на отворањето присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов како и неколку членови на Централниот комитет и Локалниот клуб на партијата. „Левица по инфраструктура…
ПОВТОРЕН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО КОЧАНИ
Општина Кочани објави повторен оглас за организирање Новогодишен базар, по пат на јавно наддавање. Огласувањето следува по првичната објава, на која беше пријавен само еден учесник. На повторниот повик, доколку се јави и само еден учесник, наддавањето ќе биде реализирано. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 30 илјади денари, со минимален праг на наддавање од…
ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ – ДОЛНИ ПОДЛОГ, НИВИЧАНИ, ПАНТЕЛЕЈ И РАЈЧАНИ
Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани за четири месни заедници, планирани за средината на декември….
ВРШЕЛ ПРЕВОЗ НА ПЕСОК БЕЗ ДА ПОСЕДУВА ЛИЦЕНЦА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Денеска (30.11.2022) во 09.00 часот на ул.„Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола во товарно возило „ман“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(35) од Штип, а управувано од Д.Ј.(69) од Штип. При контролата било констатирано дека со возилото се врши превоз на песок за извршување на градежни активности за потребите…
ПРИ ПРЕТСРЕ НА ДОМ ВО КОЧАНИ ПРОНАЈДЕНА И ОДЗЕМЕНА МАРИХУАНА
На 29.11.2022 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Ј.(23) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Д.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни билтени…
ПРИЈАВИЛА ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА ВО АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА
На 29.11.2022 во 13.15 часот во ОВР Кочани, С.А.(41) од Кочани пријавила дека на 28.11.2022 околу 11.30 часот во адвокатска канцеларија во Кочани била физички нападната од А.Б. од Кочани. По комплетирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР