Последни вести

ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 2 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА

Со трибина на тема „Со знаење и посветеност преку својата дејност го трасираме патот на најмладите“, Библиотеката „Искра“ од Кочани го започна чествувањето на 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца. На трибината учествуваа професорите и научници Христо Петрески, Кристина Николовска, Јованка Денкова, Ана Витанова Рингачева, Ели Маказлиева и Доне Донев, кои ги…

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ“

Градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со кој Општина Кочани преку основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“, а со поддршка на ОУ „Малина Попиванова“ ја започнува реализацијата на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“. Проектот што ќе се реализира со поддршка од Детската…

ИСЧИСТЕНА ОКОЛИНАТА НА СПОМЕН-ДОМОТ „АСНОМ“

Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната  самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа  собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за…

АРХИТЕКТОТ ШТО ГО ПОСТАВИ ЈАВНИОТ ТОАЛЕТ ВО ПАРКОТ, ГО НАПРАВИ НАЈГОЛЕМОТО РУГЛО ВО ГРАДОТ

Едно од нај контроверзните решенија што се направи при реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ е поставениот јавен тоалет веднаш зад дислоцираните споменици на Љупчо Сантов и Раде Кратовче. Читателите сигурно се сеќаваат на нашата реакција во која образложивме дека искусни и пензионирани архитекти и градежни инженери отворено зборуваа дека тоа е едно од најлошите решенија….

КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ПИЈАНОТО“

Во среда, на 29.03.2023 година, ООМУ “Ристо Јуруков” Кочани по втор пат годинава ќе го одбележи светскиот ДЕН НА ПИЈАНОТО. На 88 ден од годината поради 88 клавиши на ПИЈАНОТО. Настан на кој ќе бидат промовирани дел од младите пијанисти од ова училиште. Концертот ќе се одржи во салата на училиштето со почеток во 18:00…

ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ. АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОЧАНИ ПОВТОРНО ДА БИДЕ НАЈЧИСТ ГРАД

Во текот на денешниот ден добивме фотографии и текст од наш читател, љубител на природата, сопственик на викенд куќичка на Пониква кој апелира дека сите треба да се грижиме за да ја сочуваме убавината на Пониква, но и на останатите туристички дестинации околу Кочани со цел да се врати Кочани повторно да биде најчист град….

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД РАСПИШАНИОТ КОНКУРС „АФКО 2023“

Жирито во состав Јане Атанасов – претседател, Иван Котев и м–р Доне Донев, членови за оценување на пристигнатите афоризми на Конкурсот на „АФКО 2023“, на седницата одржана онлајн на 24 и 25 март 2023 година ги разгледа авторските сетови (со по 10 афоризми) на тема ДОВЕРБА и ја донесе следнава: ОДЛУКА Првата награда му се…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУРЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И КЛИМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов беше дел од македонската делегација која деновиве во Истнабул, Турција, учествуваше на конференцијата на тема: Меѓурегионалната размена за управување на повеќе нивоа во енергетиката и климатското планирање. Настанот беше организиран во рамките на 18. Генерално собрание на НАЛАС, со финансиска поддршка од ГИЗ. Настанот произлегува од целите на Стратешкиот…

РАБОТИЛНИЦА НА УСАИД: ЈАВНО-ПРИВАТНИТЕ ПАРТНЕРСТВА СЕ НЕДОВОЛНО ИСКОРИСТЕНА АЛАТКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов деновиве учествуваше на настанот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите под наслов: Искуства и научени лекции од спроведување на јавно-приватно партнерство во општините во Република Северна Македонија. Учесниците на настанот истакнаа дека јавно-приватното партнерство како алатка за воведување нови извори на финансирање на општините…

КОЧАНЧАНКА ПРИЈАВИЛА НАПАД НА НЕЈЗИНАТА МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА

На 26.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ѓ.(38) од Кочани пријавила дека околу 20.00 часот во нејзината семејна куќа во Кочани, од страна на женско лице Х.Ј. од Кочани, по вербална расправија, со тврд предмет била нападната нејзината малолетна ќерка. По комплетирање на случајот против Х.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение на…