Последни вести

НАДЛЕЖНИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО ВОДАТА ВО „КОЧАНСКА РЕКА“ БЕШЕ СО ПОИНАКВА БОЈА

Фотографиите се направени кај „Железничкиот мост“ во Кочани. Иако во текот на вчерашниот ден (Петок) беше сончево и топло, иако немаше информација за некакви поројни дождови по високите места, сепак водата во „Кочанска река“ беше поинаква. Секој што ја видел си помислил дека тоа е од поројни дождови и дека е тоа тиња, некои ја…

КНИГАТА „ГЛАСОТ НА МОЈАТА ДУША“ ОД АНА ДЕДОВА ЈА ДОЖИВЕА СВОЈАТА ПРОМОЦИЈА

Во присуство на љубители на убаво напишаниот збор, како и на роднини и пријатели, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани, книгата – збирка песни „Гласот на мојата душа“ од кочанската поетеса Ана Дедова ја доживеа својата промоција. Извадок на песни од книгата читаа членови на Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани, а низ…

„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЈА ВРАТИ ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА СВОЕТО МЕСТО

По пет дена од објавувањето дека некој самоволно ја отстранил заштитната ограда на патниот правец Кочани-Пониква, денес добивме нови фотографии од местото на настанот. Имено како што ни јавуваат надлежните од „Македонија пат“ реагирале по нашата објава и ја вратиле заштитната ограда во првобитната положба. Сега учесниците во сообраќајот ќе бидат побезбедни на еден од…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОЧНУВА РАЗВРСКАТА ЗА ПРВОТО И ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСТА

За утре Сабота закажани се натпреварите од 22 коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Главните претенденти за највисок пласман се домаќини, додека две од екипите кои грчевит ќе се борат за место кое обезбедува директен влез во единствената втора лига, гостуваат. Последните два порази го вратија „Осогово“ во зоната каде до последното коло ќе…

СОВЕТНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ СО НОВИ ПРЕНОСНИ КОМПЈУТЕРИ

По потпишувањето на договорот помеѓу Општина Кочани и Трговско друштво за промет и услуги ТРЕНД КОМ ДООЕЛ експорт-импорт Штип, советниците при Советот на Општина Кочани ќе се офајдат со нови преносни компјутери. За порелаксирано следење на седниците и донесување заклучоци ќе бидат нарачани 20 преносни компјутери по единична цена од 47.500,00 денари (така стои во…

СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА ПА ЈА ОДНЕЛ ВО БОЛНИЦА ЗА ДА И ПРУЖАТ ЛЕКАРСКА ПОМОШ

На 14.04.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода И.А.(19) од кочанско село. Тој се сомничи дека, по претходно консумирање алкохол, откако паднала во бессознание, извршил обљуба врз малолетна девојка од кочанско село, по што ја однел во болница за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде…

БЛАГОЈЧО КОЦЕВ НА ЗЕЛЕНИОТ ТЕРЕН ДУРИ ВО НАРЕДНОТО ПРВЕНСТВО

За одбранбениот играч на „Слога 1934“ од Виница а во минатите првенства и на „Осогово“ од Кочани Благојчо Коцев годинешното првенство е завршено. Коцев повреда заработи во првото пролетно коло против екипата на „Пехчево“ и од тогаш е надвор од зелениот терен. Лекарите според првите направени снимки се сомневаа дека е повреден менискусот и му…

ЗА УТРЕ НАЈАВЕНА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД АНА ДЕДОВА

За утре (Петок) со почеток во 17:00 часот во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани најавена е промоција на најновата книга – збирка на песни „Гласот на мојата душа“ на Ана Дедова.. Ова ќе биде петта книга на Ана Дедова, откако претходно ги објави: „Охридски бисери“ (2012), „Илузија“ (2015), „Твоето ангелско лице“ (2017) и…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА ДЕВЕТАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа деветтата редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 37 точки. Членовите на Советот расправаа по предлог-одлуката за основање јавно претпријатие  за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување. „Основањето на ова претпријатие е со цел да ги надминеме проблемите со снабдувањето на електрична енергија. Наместо да плаќаме за…

КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ се пласираа во полуфиналето во Трета Кошаркарска Лига откако и во вториот натпревар беа подобри од „Дибро Иглс“. Кочанчани денес и во Дебар ја совладаа симпатичната екипа на „Дибро Иглс“ 86:74 (12:18; 23:21; 17:14; 34:21). Домаќините добро го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа водство од шест поени разлика,…