Последни вести

НЕВРЕМЕ ВО КОЧАНИ

Силниот дожд проследен на моменти и со град предизвика многу штети во градот. Како што гледаме од социјалните мрежи улиците се под вода, одводите не можат да ја соберат таа количина на вода а и многу објекти се поплавени. Ни јавуваат за поплавени подрумски простории, за поплавени дуќани, за паднати дрва по улиците, и сето…

РАСКОПАНО, ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ И ОСТАВЕНО

Две седмици улицата „Иван Иванов – Балаш“ изгледа како на приложените фотографии. Екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани дошле, ја раскопана, го отстраниле пријавениот дефект и ја оставиле некој друг да ја заврши до крај започнатата работа. Пред две седмици на улицата „Иван Иванов Балаш“ во Кочани пукнала водоводна цевка која додека дошле екипи од…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ЗА ЧЕТВРТ ФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ

По синоќешната победа на „Осогово“ против „Слога Виница“ 3:1, инаку последна од натпреварите по групи познат е распоредот и двојките за четврт финалните натпревари кои се играат денес (Недела) и во Вторник. Осумте екипи заслужено се најдоа во нок-аут натпревари бидејќи најмногу покажаа во досегашниот тек на турнирот. Недела: 17:00 часот:  „Чифлик“ – „Чешиново“ 19:00…

РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ ДОНИРАШЕ ЗАШТИТНА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА

Во склоп со нашите активности превземени во минатот период, Ротари Клуб „Кочани-Виница“ денес изврши примопредавање на противпожарна заштитна опрема која ја обезбедија нашите пријатели од доброволните противпожарни друштва на Словенија. Опремата од 40-тина заштитни одела со заштитни кациги, чизми, млазници, кислородна боца, дрегер, потпона пумпа и црева е распределена и предадена на ТППЕ Кочани, ТППЕ…

ЗАВРШИ ЕРАЗМУС + ПРОЕКТОТ „ESL PREVENTERS“

Здружението на Роми АВЕНА од Кочани и ООУ „Малина Попиванова“ денеска во просториите на Хотел „Амор“ го означија завршувањето на ЕРАЗМУС+ проектот ESL Preventers и ги сумираа резултатите од проектот „Воспоставување на мониторинг систем за рано напуштање на училиштето за Ромските ученици од примарните училишта“, финансиран од ЕУ програмата ЕРАЗМУС+. На денешниот настан присуствуваа локални…

ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ОД КОЧАНИ НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И КАЈ БЛАТЕЦ

Во гаснењето на пожарот кој вчера избувна кај селото Митрашинци (Берово) и оној кој денес што се појави над селото Блатец (Виница) активно учество зедоа и пожарникари од ТППЕ – Кочани и од ДПД – Кочани. Во гаснењето на пожарот кај Митрашинци испратено е едно противпожарно возило, еден пожарникар и четири доброволци од Доброволното Противпожарно…

ПОРАДИ ИЗВРШЕНИ КРАЖБИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД КОСОВО

На 21.07.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Косово. Тие биле фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците,…

ОТУЃЕНИ ЧЕТИРИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ ВО КОЧАНИ

На електронското јавно наддавање од 36. објава на Општина Кочани за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, се отуѓени четири од понудените 10 градежни парцели со намена за изградба на објекти за индивидуално домување во Кочани. Градежните парцели се со површина од 294 до 549 квадратни метри, а се отуѓени по цена од…

ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ОД ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА

На 20.07.2022 во 22.11 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Ј.(28) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден нож. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи и соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од…

ОД ЧЕТВРТОК ДО НЕДЕЛА ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА: НАЈРАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ, ПРЕПОРАЧУВА МЗ

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за…