Последни вести

ГОЛЕМ ПОЖАР ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ БОРАТ ДА ЈА СПАСАТ ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Пожарот кој избувнал некаде околу 12:30 часот и е на потегот околу пречистителната станица од минута во минута е се поголем и се повеќе се приближува и ја загрозува пречистителната станица. Две возила, 4 пожарникари и повеќе доброволци се на терен и борба водат со огнената стихија се со цел да ја спасат пречистителната станица….

СООБРАЌАЈКА КАЈ „ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА“, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ

На 28.11.2021 во 00.10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник…

НОВА ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“, „КАМЕНИЦА САСА“ СИ ПОИГРА СО ЛИДЕРОТ

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток во кое по две победи остварија домаќините и гостите а еден натпревар заврши без победник. Она што го најавуваа играчите на „Осогово“ пред гостувањето кај „Братство“ во целост го реализираа. Со сигурна и ефикасна игра дојдоа до нови три бода со кои се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА ОБНОВУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ

Почитувани, Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски…

ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКИ НАПАД КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

На 25.11.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Г.(77) од Кочани пријавил дека околу 11.00 часот во Градскиот пазар во Кочани бил физички нападнат од Ш.К.(54) од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР  Штип

ЗА ВИКЕНДОТ „ПОНИКВА“ ВО ЗИМСКИ АМБИЕНТ?

Од претпладневните часови на „Пониква“ почна да паѓа снег. Моментно покривката е околу пет сантиметри но како што ни јавуваат снегулките се се поголеми и ако се продолжи во ваков ритам се очекува за викендот да има дебела снежна покривка. Убава можност за љубителите на зимскиот туризам и за зимските спортови да појдат кон „Пониква“…

БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ СО НАЈАВА ЗА САЕМ НА КНИГАТА

Почитувани, Од 1-3 декември 2021 година ЈОУ Библиотека “Искра“ – Кочани ќе организира мини саем на книгата на кои ќе учествуваат Издавачките куќи „Култура“ и „Полица“. Учестуваат две издавачки куќи поради заштита и превенција од корона вирусот КОВИД-19 Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот. Ќе се почитуваат сите мерки за заштита и…

„ЖЕТВАРИТЕ“ ПО ТРИТЕ БОДА ВО ЖИТОШЕ

За в Сабота се закажани натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, Екипата на „Осогово“ осоколена после извонредната игра (особено во второто полувреме) и победата против „Слога 1934“ патува во Житоше каде противник ќе и биде „Братство“. Очигледно е дека „жолто-сините“ се полни со оптимизам и ќе атакуваат на три бода кои…

СЕ ПОСТАВУВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА НОВАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Продолжуваат градежните активности на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. Во завршна фаза е поставувањето на атмосферска и фекална канализација, водоводна како и друга подземна инсталација. Службите од КЈП „Водовод“ известуваат дека веќе е поставена атмосферска мрежа во должина од 270 м, од Стришани до Двојниот мост, а наредниот период ќе се…

ВРАБОТЕНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ДЕЛ ОД ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СИМУЛАЦИЈА НА ПОЖАР

Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст и СОУ „Љупчо Сантов“, денеска изведоа тактичко-показна вежба за справување со пожар. „Тактичко-показната вежба е активност  во рамки на Годишната програма на училиштето, со која се изврши симулација и евакуација на учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“. На денешната вежба беше…