Последни вести
ПОДНЕСЕНА ПРЕТСТАВКА ДО ОЈО – КОЧАНИ ЗА ПОВТОРНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ „ПЕЈПАР МИЛ“
Денес до ОЈО (Основно Јавно Обвинителство) – Кочани од страна на Граѓанската иницијатива за чист воздух во Кочани беше поднесена претставка со која се бара повторно разгледување на кривичната пријава против „Пејпар Мил“ за континуираното загадување на животната средина во Кочани и околните места. Како илустрација да споменеме дека Кочанското обвинителство најпрвин ја одби кривичната…
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ, СОБРАНИ 24 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Во првата годинешна крводарителска акција спроведена во Полициска станица – Кочани собрани се 24 крвни единици. Акцијата која ја организираше Полициска станица – Кочани е во соработка со „Црвен крст“ – Кочани и со поддршка од екипа на „Институтот за трансфузиона медицина“ од Скопје. Инаку ова е една од трите планирани крводарителски акции кои Полициска…
ЗАСАДЕНИ 43 САДНИЦИ ВО МЕСНОСТА КАЛИМАНОВА ГЛАВА
Согласно Програмата за животна средина, денеска на локацијата кај Детскиот парк во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, беа засадени нови 43 садници, од кои 28 зимзелени и 15 листопадни дрвја. Станува збор за висококвалитетни и повеќегодишни садници. Во засадувањето и уредувањето беа вклучени вработените од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, комуналниот инспектор,…
ЛИЦЕ ПОВИКАНО ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ПОРАДИ ПУШТАЊЕ ВО ОПТЕК НА ЛАЖНА БАНКНОТА
На 28.02.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, вработени во менувачница на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани пријавиле дека Л.П.(50) од с.Зрновци, при размена на банкноти, пуштила во оптек една сомнителна банкнота од 100 евра. Л.П. била повикана во Полициската станица Кочани, од неа била одземена банкнотата и предадена на вештачење за понатамошна постапка. Се…
КРСТЕ КРСТЕВ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „КАМЕНИЦА САСА“
Промени се случија во „Каменица Саса“ уште на стартот на вториот круг од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток. По саботниот пораз на домашен терен од „Братство“ шефот на Стручниот штаб на „рударите“ Горан Гоцевски си поднесе неотповиклива оставка. Користејќи ја нашата долгогодишна соработка стапивме во контакт со Гоцевски за да ги дознаеме причините…
ИЗВЕСТУВАЊЕ – РЕКОНСТРУКТИВНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА ГОШО ВИКЕНТИЕВ
Поради изведба на реконструктивни активности на улицата „Гошо Викентиев“ се известуваат граѓаните, од утре, 01.03.2022 г. да не ги паркираат возилата на потегот на улицата, се повикува на зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација. Општина Кочани
ДОДЕЛЕНИ ДВЕТЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ
Годинава според новиот Правилник за општинска спортска стипендија се доделија две спортски стипендии за најдобар спортист и најдобра спортистка. До комисијата биле пристигнати 3 пријави, од кои едната не е прифатена заради неисполнување на основниот услов – кандидатите кои конкурираат за стипендија треба да имаат од 17 до 20 години. Спортската стипендија за најдобар спортист…
ПОДНЕСЕНИ ДВЕ ПРИЈАВИ ПОРАДИ КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ
На 27.02.2022 во 10.45 часот во ОВР Кочани, М.И.(53) од Кочани пријавил дека во близина на брана ,,Градче“, кочанско, бил каснат од куче, сопственост на лице кое го познава. По документирање на случајот следи соодветен поднесок. На 27.02.2022 во 12.15 часот во ОВР Кочани, В.А.(39) од Кочани пријавила дека на ул.,,Охридска“ во Кочани била касната…
ПРЕКИНАТА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
На 25 февруари, Советот на Општина Кочани ја започна седмата редовна седница, на која работеше само по 15 од предложените 21 точка. На седницата беше усвоена Информацијата за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишните установи и на ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2021 година, со заклучок Советот да добие дополнителни информации за…
ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА ОД FIRST LEGO ЛИГАТА
Викендов во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани се одржа државниот натпревар по роботика од First Lego лигата. На натпреварот учествувааа седумдесетина натпреварувачи распоредени во седум екипи и петнаесет ментори. Натпреварот е во соработка со Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и истиот се организира секоја година низ повеќе од 100 земји низ…