All Posts By Славчо Ивановски

ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕСНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Во текот на денешниот ден се извршуваат подготвителни активности за асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“. Истовремено се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре започнува асфалтирањето на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“ и се апелира кон зголемена претпазливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Општина  Кочани

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ДВЕ УЛИЦИ – ВО КОЧАНИ И ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

Започна реконструкцијата на улицата „Јордан Зафиров“ и подготовките за асфалтирање. Деновиве беше извршено тампонирање на дел од улицата, а во периодот којшто следува ќе бидат поставени ивичњаци. Истовремено започна тампонирањето и на дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Тркање. Општина  Кочани  

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ

Почитувани, Би сакале да ве известиме дека во периодот од 04-10 јули и во периодот од 07-13 август претставници од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани присуствуваа на транснационални состаноци и обуки кои се одржаа градот Лудбрег во Р.Хрватска и во градот Велење во Р.Словенија во Велење како дел од проектот „Virtual Reality based educational…

ДОБРО Е, ЈА ИСПРАВИЈА ГРЕШКАТА И ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ПОЧНАА ДА СЕ ЧИСТАТ

Кога политиката ќе ги вмеша прстите секаде некои работи почнуваат да одат во погрешен насока. Имено, изминатите години се научивме колку-толку улиците да ни бидат многу почисти од оние кои секојдневно ги гледавме по завршувањето на локалните избори. Една од причините беше смената на раководителот на одделението за одржување хигиена на улиците низ градот Аки…

ЌЕ СЕ ДОВЕДЕ ЛИ ВО РЕД ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНИОТ КОМИТЕТ?

И кога има врнежи и кога нема на паркинг просторот лоциран зад зградата на некогашниот „Комитет“ е вистински хаос. Станарите од зградите околу паркингот протестираат поради тоа што честопати непоканети лица за да не плаќаат паркинг простор а сакаат да си уживаат по кафулињата ги паркираат своите возила кои стојат понекогаш и по цел ден,…

ПОСТАВЕНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАРИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Во склоп на комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот, по расчистувањето на стариот Градски Парк, деновиве беше поставено и пуштено во функција новото јавно осветлување во паркот. Во периодот којшто следува ќе бидат поставени корпи за отпадоци, клупи и фонтана. Општина  Кочани

НА ПОТЕГ СЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ

Нов чин на вандалско однесување се случил по се изгледа за време на викендот. Утринава една од страните на Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ осамна со графити исти или речиси слични како оние кои пред неколку месеци беа цртани на „Споменикот на слободата“. Преголемата демократија почна да оди по друг колосек. Одговорните во ОУ…

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ

За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот. Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа…

ЌЕ СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕПОТРЕБНИТЕ ВИСЕЧКИ КАБЛИ

Постоечките непотребни висечки кабли стануваат пробелен за  учесниците во сообраќајот и за минувачите. Откако на компаниите им заврши емитувањето на кабелските програми и ги затворија компаниите големиот број на кабли со кој речиси е покриен целиот град останаа да висат во воздухот како спомен на едно време и на една технологија. Ни како одминува времето,…

ПОСЛЕ ДОЖД ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ОСТАНУВА ПОД ВОДА

После секој поголем дожд дел од улицата „Димитар Влахов“ е под вода. Лошата одводна канализација која со години наназад е проблем никој не сака да се нафати да го отстрани. Пред неколку години апелиравме до надлежните, дојдоа и рекоа дека го отстраниле проблемот но во изминатите денови како и по вчерашниот дожд тој проблем повторно…