УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ „ВКЛУЧИ ГИ СИТЕ“ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВИЦИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Учесници во проектот „Вклучи ги сите“, што се реализира со Центарот за развој на заедницата „Светла иднина“ од Кочани, како партнерска организација, во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“, остварија средба со претставници на Општина Кочани, со кои дискутира за активности за вмрежување на сите јавни институции во унапредувањето на инклузијата во образовните системи. Главна цел…
ПРИ ПРОВЕРКА НА БАНКНОТИ ОД 100 АВСТРАЛИСКИ ДОЛАРИ ОТКРИЕНО ДЕКА НЕКОИ БИЛЕ ЛАЖНИ
На 09.03.2023 во 12.03 часот во СВР Штип било пријавено дека во менувачница во Кочани, М.К.(56) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево, за проверка донел повеќе банкноти од 100 австралиски долари, при што вработениот се посомневал дека пет од банкнотите се лажни. Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле банкнотите, а со М.К. бил извршен службен…
ПРОЛЕТНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА „ОСОГОВО“ ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА
Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Осогово“ го игра првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната откако во првото пролетно коло беше слободен поради напуштањето на лигата на „Победа“ од Валандово. Гости на „жетварите“ ќе имбиде незгодната екипа на „Малеш“…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО МЕЧ ТОПКА ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
За време на викендот се играат натпреварите од 14-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Во сабота на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 11:00 часот се игра дербито на дното во кое кочанчанки, некогашните Шампиони и победници во Купот ја имаат првата меч топка за зачувување на прволигашкиот статус. Минатогодишниот шампион…
ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ПОВТОРНО БУДНА
Фотографиите што ги добивме се направени денес (Петок) во 08:30 часот на кои јасно се гледа како Градската депонија чади, а тој чад го дишат жителите на Кочани и околните места. Од КЈП „Водовод“ во чија надлежност е депонијата по се изгледа немаат никаков интерес да ја згаснат. Ако не знаат како а има начин,…
СО ПОДИГНАТИ 200 КИЛОГРАМИ ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ ПРВ НА СВЕТСКИОТ КУП ВО ХУРГАДА (ЕГИПЕТ)
Во конкуренција на 600 натпреварувачи од целиот свет кои се натпреваруваат во различни категории, доцна синоќа Лазар Захариев го освои првото место на „Светскиот Куп 2023“ што се одржува во Хургада (Египет). Захариев се натпреваруваше во категоријата бенч прес Мастерс, тежина 1 – 110 килограми и со подигнати 200 килограми стана прв во својата категорија….
УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ СО ЛИЧНИ РАКОТВОРБИ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА
„Биди единствена, биди храбра, биди своја, биди жена…“ е пораката со која денес во „Паркот на Револуцијата“ ученици од ООУ „Никола Карев“ од Кочани на припадничките на понежниот пол им го честитаа 8-март, Меѓународниот ден на жената. За таа цел денес на платото во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, учениците од ООУ „Никола Карев“ од…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПОДАРИ ЦРТЕЖ ВО ЗАМЕНА ЗА ЦВЕЌЕ“
Денес на платото пред НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани а по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената беше отворена изложбата „Подари цртеж во замена за цвеќе“. 32 уметнички дела изработени во најразлични техники но преди се во акварел се дела на младите уметници, ученици од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“…
ОДБЕЛЕЖАН НАСТАНОТ „ЖЕНАТА И УМЕТНОСТА“, ПРЕТСТАВЕНО ТВОРЕШТВОТО НА МАРИЈА ДОНЧЕВА
Во пресрет на 8-ми Март Меѓународниот ден на жената, во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра во Кочани“ беше одбележан настанот со наслов „Жената и уметноста“ што воедно беше претставување на творештвото на Марија Дончева. Најпрвин беа промовирани двете нејзини збирки поезија „Отпуштање“ и „Бакната“ а потоа беше претставена изложбата на рачно изработени накити од полимерна…
ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЛИ КОНЕЧНО ПАРТИИТЕ ЗА ДА ПРОРАБОТИ ГРАДИНКАТА „ДЕТЕЛИНКИ“
Во текот на вчерашниот ден (Понеделник) беше спроведена акција за озеленување на дворот на новоизградената детска градинка „Детелинки“ која долго време желно ги чека првите дечиња. Несфатливо е да зеленуваат објект што никако да се спогодат да биде пуштен во употреба. Приказните дека градинката уште не е отворена поради влага во истата и поради неадекватно…